Хотел Tropicana Inn 2* – Пергиали, Лефкада

Хотел Tropicana Inn 2* (50м од плажа)  e лоциран во прекрасното село Пергиали-Нидри, Лефкада.

Хотелот се ноѓа на островот на легендите и поетите, меѓу расфрланите острови на Јонското Море, познати по кристално чистите тиркизно сини води и златни плажи спроти островот на Оназис – Скорпиос.

Местото каде што е изграден хотелот Tropicana Inn нуди пристап на плажа на само 50 м, како и прекрасен поглед на расфрлените острови, и е лоциран на  оддалеченост од 16 километри од главниот град на островот и само 1km од туристичкото место Нидри. Уникатноста на оваа конкретна локација ја прави идеално место за незаборавен одмор, безгрижен и релаксирачки за гостите во пријателска атмосфера каде што ќе се чувствувате како дома. Собите се опремени со тоалет, ТВ, клима со доплата (5 еур/ден), тераса и хотелски сервис. Појадокот е вклучен во цена. Користење на базен вклучено во цена.

Галерија