ВИЛА TAKIS & MARIA – ЈЕРИСОС

50 метри ОД  ПЛАЖА

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа  која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите,  супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.

Вилата “Такис и Марија“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на 50 метри од море.Пред влезот на вилата има мало паркче со играчки за најмалите. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар,купатило и вц,спална соба,тераса,тв,клима уред и ви-фи конекција.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (16.05; 23.05; 30.05; 06.06; 05.09; 12.09 и 19.09.2025)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН   ЗА 7 НОЌИ

КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО

-За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН  потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто или петто лице се сместуваат 
бесплатно, доплаќаат само превоз
доколку користат 
50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 
10€ по лице

Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

50 € за возрасни – повратна карта

35€ за деца до 12 години – повратна карта;

35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € за прв ред на седиште;

10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;

Галерија
Локација
GPS координати:
  • 40.400154, 23.878526
  • 40°24’00.6″N 23°52’42.7″E

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените  ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и  АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).

АПАРТМАНИТЕ:
 ИМААТ КРПИ  ;
 ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН