емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Вила Алитеа – Јерисос

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.
Вила Алитеа се наоѓа во Јерисос на самата плажа. Вилата располага со четворокреветен луксузен апартман со комплетно опремена кујна, клима (вклучена), сопствено купатило опремено со сите средства за лична хигиена, тераса 15м2 со поглед на море и сопствен паркинг.
РАН БУКИНГ 10% ПОПУСТ
на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026
РАН БУКИНГ ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 31.01.2026.
| Термин | Ноќевања | 1/4 апп |
| 24.05 | 7 ноќи | 370 € |
| 31.05 | 7 ноќи | 400 € |
| 07.06 | 7 ноќи | 470 € |
| 14.06 | 7 ноќи | 550 € |
| 21.06 | 7 ноќи | 650 € |
| 28.06 | 7 ноќи | 750 € |
| 05.07 | 7 ноќи | 900 € |
| 12.07 | 7 ноќи | 1000 € |
| 19.07 | 7 ноќи | 1140 € |
| 26.07 | 7 ноќи | 1140 € |
| 02.08 | 7 ноќи | 1140 € |
| 09.08 | 7 ноќи | 1140 € |
| 16.08 | 7 ноќи | 1140 € |
| 23.08 | 7 ноќи | 1000 € |
| 30.08 | 7 ноќи | 780 € |
| 06.09 | 7 ноќи | 680 € |
| 13.09 | 7 ноќи | 550 € |
| 20.09 | 7 ноќи | 460 € |
НАПОМЕНИ:
ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
Доплата за туристичка такса 20 евра по студио/апартман, се плаќа во агенција.
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.















