емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Hotel “AMMON GARDEN” 3* – Пефкохори
На само 100m од плажа и 200m од центар е лоциран 3* хотел “Ammon Garden”.
Хотелски соджини: 27 хотелски студија на приземје, први и втори кат, базен со 2 нивоа на длабочина од 1,10m и 2,20m со лежалки и чадори, лоби бар покрај базенот со голем избор на пијалоци, ресторан во кој се служи појадокот, рецепција со лоби, Wi-Fi интернет, прекрасно уреден двор со многу палми и зеленило, паркинг простор (бесплатен).
Хотелско сместување: Сместувачките капацитети се од типот на студија со комплетно опремена мини кујна со фрижидер и се состојат од 2 или 3 редовни легла и една софа на расклопување, наменета за дете до 10год кое се сместуваат бесплатно, Baby cot, клима, купатило со фен, крпи за раце и тело, TV, гардеробер, телефон, ноќни ламби, тераса со масичка и столчиња со прекрасен поглед кон базенот или одлично уредената градина… Чистењето на студијата е секојдневно, менување на постелнини и крпи на 3 дена.
Хотелски услуги: Појадок, шведска маса (на самопослужување) од 08:30 до 10:00 во ресторанот на хотелот.
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќевања со појадок, без превоз;
- Хотелското сместување.
- ВB (ноќевање со појадок) | Појадок (шведска маса);
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Baby cot – БЕСПЛАТНО, на барање;
- Клима – БЕСПЛАТНА;
- Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН во лоби барот и покрај базенот;
- Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците на околу 20m од хотелот на булеварот.
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и не важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- Дете до 5 години – БЕСПЛАТНО;
- Дете од 5-10 години – плаќа 70€ за цел престој;
- Трет возрасен – 50% попуст;
- Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа на рецепција при сместување);
- Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
Галерија
Локација
GPS Coordinates: 39.987182, 23.619448