емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Будва лето 2023 ХИТ ПАКЕТ

Будва – бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам. Будва нуди илјада можности, на Вас останува да одберете! Одбери Будва лето 2023.
Будва лето 2025 ХИТ ПАКЕТ: 10 дена / 9 ноќевања + автобуски превоз
ТЕРМИНИ | I категорија | II категорија |
---|---|---|
19.06. – 28.06.2025 | 169 € | 149 € |
28.06. – 07.07.2025 | 189 € | 169 € |
07.07. – 16.07.2025 | 215 € | 189 € |
16.07. – 25.07.2025 | 235 € | 209 € |
25.07. – 03.08.2025 | 239 € | 215 € |
03.08. – 12.08.2025 | 239 € | 215 € |
12.08. – 21.08.2025 | 225 € | 195 € |
21.08. – 30.08.2025 | 205 € | 175 € |
30.08. – 08.09.2025 | 189 € | 159 € |
- Поаѓањето е ден однапред од дадените термини: 18.06., 27.06., 06.07…. од Скопје во 23.30 часот (Прилеп 20.30ч, Кавадарци 21.30ч, Неготино 21.45ч, Штип 21.30ч, Велес 22.30ч )
- Цените се изразени во евра по патник со вклучен автобуски превоз;
- Туристичката такса не е вклучена во цената и изнесува 1 € по патник дневно (за деца 2-12 год. 0,5 €) – се плаќа во агенцијата.
- Деца од 2-12 год. со сопствен кревет 30% попуст;
- Деца од 2-12 год без сопствен кревет 50% попуст;
- I категорија е соба со сопствено купатило;
- II категорија две соби делат едно купатило;
- Доплата за еднокреветна соба е 70% од дадената цена за сместување;
- Аранжманот вклучува приватно сместување во зависност од одбраната категорија во двокреветни и трокреветни соби кај првата категорија и двокреветни соби кај втората категорија, на база 9 ноќевања и автобуски превоз;
- Вилите се оддалечени 300 – 400 метри од комплексот „Словенска плажа“;
- ПАКЕТ ВО РЕСТОРАН: 9 ПОЛУПАНСИОНИ (ПОЈАДОК / ВЕЧЕРА) – “Шведска маса“ ЦЕНА: 115 € (деца од 2-12 год. –детски оброк 58 €)
- Појадокот е во термин од 07.30ч до 09:30ч а вечерата од 19.00ч до 21.00ч.
- Ресторанот се наоѓа во круг од 50 – 100 метри од сместувањето;
- Одбитокот за сопствен превоз е 10 евра по патник
ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА БУДВА ЛЕТО 2025
- Се патува со лична карта или пасош не постар од 3 месеци од денот на враќање. Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за исправноста на патните исправи.
- Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето
- Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
Галерија












