емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Истанбул

Датуми на поаѓање
04.09.2026 – € 754 2 возрасни
18.09.2026 – € 695 2 возрасни
02.10.2026 – € 722 2 возрасни
16.10.2026 – € 723 2 возрасни
Детали за турата
Локација
Истанбул– Сместен помеѓу Европа и Азија, Истанбул е град каде минатото и сегашноста беспрекорно се испреплетуваат. Со својата богата историја, жива култура и импресивна архитектура, Истанбул нуди незаборавно искуство за секој патник. Некогаш главен град на три големи империи – Римската, Византиската и Отоманската – Истанбул денес е жив музеј. Восхитувајте се на исконските знаменитости како Света Софија, величествената Сина џамија и раскошниот Топкапи дворец. Прошетајте низ античките сали и замислете ги империите што некогаш владееле со светот од овој волшебен град.
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје мин. 2 часа пред летот. Директен лет за Истанбул во 11:15 часот. Пристигнување во Истанбул во 13:40 часот.Органииран трансфер со автобус и посета на Таксим Плоштадот, Истиклал улицата и Галата Кулата. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран разглед на Истанбул со посета на Долма Бахче Палата, престој 1 час (влезницата се плаќа). Разгледот продолжува со преминување на азиската страна на Истанбул и посета на плоштадот Ускудар, Моминската Кула, населбата Кузгунџук, позната по колоритните куќи од турските серии и ридот Чамлиџа. Враќање во хотел. Вечерта, ноќно крстарење по Босфор, со вечера, неограничени пијалоци и традиционални и модерни турски претстави (влез 45 € – престој 3 часа). Враќање и сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Поаѓање кон Еминону – бродската станица за крстарење по Босфор. Двочасовно крстарење со брод кон Црното Море, со поглед на крајбрежјето на Истанбул, Европа и Азија од бродот (влез 15 € – престој 2 часа). Поаѓање кон палатата Топкапи – зимскиот дворец на султанот (престој 2 часа). Посета на Сината џамија Султан Ахмет (влез слободен, престој 30 минути).Поаѓање кон Света Софија (влезницата се плаќа) и обиколка на Хиподромот, некогашен спортски и општествен центар на Византиската империја, денес плоштад Султанахмет. Турата продолжува со организиран превоз со ридот Пиер Лоти и населбата Балат, а завршува со посета на познатата Капали Чаршија. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Посета на Аквариумот (влез 30 € – престој 2 часа). Посета на трговски центар со слободно време за шопинг. Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 18:35 часот. Слетување во Скопје во 19:05 часот.
Вклучено
- Авионска карта на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Пегасус
- Аеродромски такси
- Рачен бесплатен багаж 3kg
- 3 ноќевања со појадок во хотел Comfort Life Istanbul или сличен
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани трансфер според програмата
- Организација на патувањето и претставник на Агенцијата за целиот престој
Не е вклучено
- Сѐ што не е наведено во програмата
- Такса за престој во Истанбул 2.5 евра по лице по ноќевање
- Влезница за во објектите и културно-историски споменици
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
- Патничко осигурување
Факултативни Излети
- Крстарење со брод по Босфор 1,5 – 2 часа за разгледување на Европа и Азија 15€.
- Крстарење со претстава и вечера 45€, вклучува: превоз од хотелот во двата правци, претстава со танчери и диџеј, специјална вечера, неограничени безалкохолни пијалоци. Трае 3 часа.
- Посета на аквариумот 30 €
Напомена
Цената на аранжманот е променлива – во зависност од расположливост на места.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.









