емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ВИЛА ELISAVETA – ЈЕРИСОС

30 мeтри од ПЛАЖА
ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата “ЕЛИСАВЕТА“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на 30 метри од плажа. Секое студио и апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,решо со две рингли,купатило и вц,спална соба,тераса,тв,клима уред и ви-фи конекција.
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (15.05; 22.05; 29.05; 05.06; 04.09; 11.09 и 18.09.2026)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
СПРОТИ ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО

-За пакет аранжманот СТУДИО или ДУПЛЕКС -МЕЗОНЕТА потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто, петто или шесто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *
Галерија



























НАПОМЕНИ
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА И ДУПЛЕКС МЕЗОНЕТИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).СТУДИЈАТА и ДУПЛЕКС МЕЗОНЕТИТЕ:
Имаат крпи;
Имаат тоалетна хартија и сапун


