емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Metropol Vila

Опис:
Хотелот Метропол се наоѓа во познатото бањско место Едипсос на островот Евија, на само 300 метри од плажа, 100 метри од центарот и 700 метри од термалните извори. Сместен е во мирен дел, а во близина се наоѓаат сите туристички содржини – таверни, продавници и кафулиња.
Сместување:
Хотелот располага со двокреветни студија како и четирикреветни апартмани, лоцирани на првиот кат. Сите соби се модерно опремени, климатизирани и поседуваат:
Бања / тоалет, Целосно опремена мини-кујна (фрижидер, решо и прибор за јадење), Тераса со гарнитура за седење, ТВ, Wi-Fi интернет.
Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
Собите имаат поглед кон улица или планина, со стандардни легла 90x190cm.
Содржини и услуги:
Хотелот располага со рецепција, бар, лифт, паркинг и Wi-Fi интернет. Во близина има ресторани и продавници.
Агенцијата не може да гарантира за квалитетот и брзината на интернет сигналот, ниту е одговорна во случај на прекин поради технички проблеми од страна на грчките оператори.
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ со ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ
BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
– 30% за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026
| Период | 1/2 STD Bus+Traekt+Smestuvanje |
|---|---|
| 20.05.2027 7 ноќи | 119 |
| 27.05.2027 7 ноќи | продадено |
| 03.06.2027 7 ноќи | 139 |
| 10.06.2027 7 ноќи | продадено |
| 17.06.2027 7 ноќи | 165 |
| 24.06.2027 7 ноќи | продадено |
| 01.07.2027 7 ноќи | 175 |
| 08.07.2027 7 ноќи | 179 |
| 15.07.2027 7 ноќи | 179 |
| 22.07.2027 7 ноќи | 189 |
| 29.07.2027 7 ноќи | 189 |
| 05.08.2027 7 ноќи | 199 |
| 12.08.2027 7 ноќи | 199 |
| 19.08.2027 7 ноќи | 189 |
| 26.08.2027 7 ноќи | 169 |
| 02.09.2027 7 ноќи | 159 |
| 09.09.2027 7 ноќи | продадено |
| 16.09.2027 7 ноќи | 139 |
Програма
1. Ден. Состанок на групата еден ден порано во 22:30. Поаѓање кон Едипсос во 23:00. Кај Глифа се качуваме на траект. за околу 30 минути пристигнуваме на островот Евија кај местото Агиос Кампос на 17км од Едипсос. Пристигнување и сместување во Едипсос.
2. 3/4/5/6/7 Ден. Одмор и рекреација уживање во прекрасниот Едипсос и островот Евија. Можност за посета на некој од факултативните излети: Посета на Атина, Посета на островотт Скиатос, Посета на грчките Сејшели и Лахадонисја. Погледнете ги програмите Тука
8. Напуштање на собите во 08:00 поаѓање за Скопје.
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Цените се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Автобуски превоз Скопје – Едипсос – Скопје
* Сместување во Студио 7 ноќи
* Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа
* Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 15 евра за цел престој по соба (се плаќа во објектот)
НАПОМЕНИ:
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување







