Прага Нова Година

Дочекајте ја новата 2027 година во Прага, меѓу историски плоштади, романтични улици и празнични светла! Патувањето го надополнуваат предвидените посети на Дрезден, Карлови Вари и Виена, спој на богата историја, прекрасна архитектура и зимски шарм. Започнете ја годината со нови доживувања и убави спомени !

Програма на патување: 

29.12.2026 (среда) СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата во 10.30 часот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Чешка во 11:00 часот (претпладне). Дневно и ноќно возење низ Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и обавување на пасошки и царински формалности.  

30.12.2026 (четврток) ПРАГА

Пристигнување во Прага во претплaдневните часови. Следи разглед на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во договорено време со водичот собирање на групата и сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

31.12.2026 (петок) ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. Ден предвиден за целодневен факултативен излет до Дрезден, главниот град на покраината Саксонија. Расположен на бреговите на реката Елба, градот е познат како „Фиренца на Елба“ поради богатото културно наследство и впечатливата архитектура. Прошетка низ стариот дел на градот, каде се издвојуваат Палатата Звингер, Богородичната црква – Frauenkirche, Кралската палата, Палатата Ташенбер и Августовиот мост. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање во Прага. Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Среќна Нова 2027!!!  Ноќевање.   

01.01.2027 (сабота) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ 

Појадок. По појадокот, предлагаме факултативна посета на Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка. Враќање во Прага во доцните попладневни часови. Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.  Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Прага. Враќање во хотел во доцните вечерни часови. Ноќевање. 

02.01.2027 (недела) ПРАГА – ПАРНДОРФ (ШОПИНГ) – ВИЕНА – СКОПЈЕ   

Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон Виена во 08:00 часот со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. Време предвидено за шопинг, кафе, ручек и индивидуални прошетки (околу 2,5 часа). Патувањето продолжува кон Виена. По пристигнувањето  во Виена, прошетка  низ стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан и поширокото централно градско јадро. Слободно време време за уживање во празничната атмосфера на Виена. Во договореното време во вечерните часови, поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на пасошки и царински формалности. Предвидено пристигнување во Скопје следниот ден во претпладневните часови.

ПРОМО за комплетна уплата до 15.11.2026 – 249€/15.438ден

Редовна цена на аранжманот 279€/17.298ден

Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд

Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено: 

– Автобуски превоз со високо туристички автобус

– Сместување во хотел со 3* во Прага на база 3 ноќевања со појадок 

– Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF

– Организирана посета и прошетка на Виена 

– Комплетна организација и реализација со лиценциран туристички придружник 

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

– Индивидуално патничко и здравствено осигурување 

– Туристичка такса 10€ евра по лице за престој (доплата во автобус)

– Задолжителен разглед на Прага со локален водич 25€ (доплата во автобус) 

– Факултативно вечерно крстарење по В`лтава 25€ (плаќање на лице место) 

– Факултативна посета на Дрезден 50€ (доплата во автобус)

– Факултативна посета на Карлови Вари 50€ (доплата во автобус)

Промо пакет излети: 130€ наместо 150€ (разглед Прага со локален водич, крстање по В’лтава, посета на Дрезден, посета на Карлови Вари) 

Опционални попусти и доплати: 

– Дете од 2 до 12 години попуст -10% на цената на аранжманот 

– Трет возрасен на дополнителен кревет -10% на цената на аранжманот 

– Доплата за еднокреветна соба 75€/ 4.650мкд на цената на аранжманот

– Доплата за седиште по избор 10€/620мкд по лице (за минимум 2 лица) 

Важни напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек. 

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба. 

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.