емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Белград Нова Година 2027

Дочекајте ја новата 2027 година во Белград, градот на добрата забава, гостопримството и убавата празнична енергија! Во програмата се предвидени посети на Нови Сад и Сремски Карловци, кои го надополнуваат патувањето со историја, убави прошетки и шармот на Војводина. Започнете ја годината со добро друштво, нови доживувања и убави спомени !
Програма на патување:
1. Ден 30.12.2026 (среда) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералнните во 23.30 часот. Поаѓање за Белград во 00.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце – Прешево со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности.
2. Ден 31.12.2026 (четврток) БЕЛГРАД
Во утринските часови пристигнување во Белград. Заминување на панорамски разглед на централен дел на градот: Храмот Свети Сава, плоштадот Славија, Андриќев Венец, Нов и Стар Двор, Црквата Свети Марко, Собранието на Република Србија, Теразије, плоштадот Република, Народениот театар… Продолжуваме со пешачки разглед на главната туристичка и трговска улица, улицата Кнез Михајлова, прошетка низ калемегданскиот парк. Во самиот парк доминира калето Калемегдан каде што се наоѓа Воениот Музеј… Разглед на најважните знаменитости во паркот: Звоник, Стар Бунар, Барокна Врата, Средневековна кула Небојша, Сахат кула, Црквата Ружица. Ќе уживаме во погледот на устието на Сава во Дунав. По разгледот на градот следува сместување во хотел и одмор од патувањето. Вечерта дочек на Новата 2027 на плоштадот во Белград или во некој од многубројните сплавови и барови. Враќање во хотел. Ноќевање.
3. Ден 01.01.2027 (петок) БЕЛГРАД – НОВИ САД – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ – БЕЛГРАД
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на Нови Сад и Сремски Карловци. По појадокот поаѓање за Нови Сад. Пристигнување и разглед на знаменитостите во центарот на градот: плоштадот Слобода, Успенска Црква, Хотел Војводина, Палата Железен Човек, Менратова Палата, Градска Куќа, Римокатоличка цркца Света Марија, Змај Јовина пешачка зона, Соборен храм Свети Ѓорѓе, Николајевска Црква, Градска Синагога, Музејот на Војводина, калето Петроварадин. Патувањето продолжува до Сремски Карловци. Разглед на Сремски Карловци: Патријшкиот Двор, Богословија, Фонтаната со четири лава, Католичка Црква. По разгледот враќање во хотел во Белград. Вечерта препорачуваме факултативна посета на познатата Скадарлија и вечера во некоја тамошна кафеана каде што ќе уживате во извонредната кујна и ќе го почуствувате духот на боемите. Враќање во хотелот. Ноќевање.
4. Ден 02.01.2027 (сабота) БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите и посета на шопинг центарот Ушче, слободно време за шопинг. Во попладневните часови поаѓање за Скопје со попатни паузи во текот на патувањето. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена на аранжманот за резервации до 15.11.2026 – 159€/9.858ден
Редовна цена на аранжманот 179€ – 11.098мкд
Цена по лице за мин 2 лица Цена во евра за уплата во денари по курс 1€/62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
– Разглед на Белград со локален туристички водич
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време патувањето
– Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Доплата за туристичка такса 5€ по лице за престој (доплата во агенција)
– Факултативен излет Нови Сад и Сремски Карловци 15€ (доплата на лице место)
– Индивидуални неспоменати трошоци
Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек или валидна лична карта.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
– За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ.







