емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Милано ( Лугано • Комо • Сирмионе) НП Нова Година

Термини
29 декември – 03 јануари
Од 249 € по лице
“Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.
Термин 29 Декември
1 ден 29.12.2026 СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 09:30 часот.Поаѓање за Милано во 10:00 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2 ден 30.12.2026 FRANCIACORTA OUTLET – МИЛАНО
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано .Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за индивидуална (јавен превоз)прошетка по раздвижените и прекрасно украсени улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри (индивидуално)… Можност за шопинг по најкреативните божиќни тезги поставени во центарот на Милано… Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.
3 ден 31.12.2026 МИЛАНО- ЛУГАНО(ШВАЈЦАРИЈА)-КОМО
Појадок. Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки. Потоа го посетуваме градчето Комо кое се наоѓа на брегот на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” – Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод покрај некои од прочуените вили .Слободно време за прошетки. Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Вечерта дочек на Нова Година на градскиот плоштад. Ноќевање.
4 ден 01.01.2027 МИЛАНО
Појадок. Предпладне факултативно одиме на разглед на градот : тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел, слободно време за одмор. Ноќевање.
5 ден 02.02.2027 МИЛАНО –СИРМИОНЕ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Во договор со водичот патувањето продолжува кон Сирмионе – езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Скопје продолжува преку Словенија,Хрватска,Србија со попатни паузи. Ноќно возење.
6 ден 03.01.2027 СКОПЈЕ
Пристигнување Скопје во попладневните часови.
Цена на аранжманот за резервации до 31.10.2026: 249€ (15.440 ден.)
Редовна цена: 269€ (16.680 ден.)
✓Аранжманот вклучува
- Превоз со високотуристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Милано (околина)
- Организација и водство на програмата
- Лиценциран туристички придружник
- Организација на аранжманот
✕Не е вклучено
- Задолжително патничко осигурување 300 денари
- Разглед на Милано 30€
- Факултативен излет за Лугано и Комо 60€
- Задолжителна посета на Сирмионе 20€( се плаќа во агенција)
- Пакет излети 100€
- Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
- Доплата за еднокреветна соба – 4.650 ден
- Доплата за избор на седиште 20€
- Доплата за дополнително седиште 150€
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.Останатите услови на патување важат според годишниот програм
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.







