Букурешт Нова Година 

Дочекајте ја новата 2027 година во Букурешт, со прослава на плоштад и прекрасна празнична  атмосфера во романската престолнина! Уживајте во прошетките низ Малиот Париз на Истокот,  неговите живи улици и одличното новогодишно расположение.

Во програмата се предвидени посети на замокот Бран, живописниот Брашов и Терме Букурешт – комбинација од историја, нови места и релаксација. Започнете ја годината со добро друштво и убави спомени . 

30.12.2026 (среда) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ 

Состанок на групата кај спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Романија во 18.30 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. 

31.12.2026 (четврток)  БУКУРЕШТ 

Пристигнување во Букурешт познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ во претпладневните часови. Следи разглед на градот: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата… По разгледот се сместуваме во хотел. Слободно време за одмор од патувањето. Вечерта дочек на Новата 2027та Година на еден од плоштадите во Букурешт со шоу програма. Враќање во хотел. Ноќевање. 

01.01.2027 (петок) БРАН – БРАШОВ 

Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен факултативен излет кон Трансилванија. Посета на замокот Бран или домот на Дракула и шармантното гратче Брашов.

Бран “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

Брашов

Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.

Враќање во хотелот во Букурешт во вечерни часови. Ноќевање.

02.01.2027 (сабота) ТЕРМЕ БУКУРЕШТ   

Појадок. Напуштање на хотелот. Ден предвиден за организирана факултативна посета на Терме Букурешт лоцирани во северниот дел на Букурешт. Термалните бањи се уживање за сите сетила, 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 водени тобогани. Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, орхидеи и ред други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот и за нови незаборавни спомени! Оние кои нема да ги посетат Термалните бањи ќе имаат слободно време во трговски центар. Поаѓање за Македонија во 15:00ч. Пристигнуавање во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

ПРОМО цена за резервација со уплата до 15.11.2026 – 159€/9.858ден

Редовна цена на аранжманот – 199€/12.338ден

Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд

Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено: 

• Автобуски превоз на наведената релација 

• Сместување во Хотел 3* во Букурешт на база 2 ноќевања со појадок 

• Разглед на градот Букурешт 

• Организирани разгледи според програмата 

• Организација и реализација со туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

• Факултативен излет Трансилванија – 50€ (доплата на лице место)

– посета на местото Бран и Замокот на Дракула (влезницата не е вклучена во цената, се доплаќа на лице место 20€)  

– Посета на градот Брашов со превоз и водич 

• Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт превоз и водич 20€ (влезница за бањите, користење 3 часа, не е вклучена во цена и е со доплата на лице место во зависност од избор на пакет услуги). 

• Туристичка такса 5€ по лице за престој (доплата во агенција)

• Патничко и здравствено осигурување 

Попусти и опционални доплати:

– Дете до 12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет -10% попуст 

– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 

– Доплата за еднокреветна соба 60€/3.720ден 

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)

– Доплата за дополнително седиште во автобус -80€/4.960ден 

Напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек. 

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба. 

– За ова патување важат Општите Услови за Патување .