емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
НОВА ПРОГРАМА КАПАДОКИЈА СО ИСТАНБУЛ

20.10 – 25.10.2026
Ако постои бајка за магична земја од глина,веројатно ќе изгледа како Кападокија.Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa. Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче!
Редовен автобуски превоз од: Скопје,Велес,Овче Поле,Штип,Кочани,Виница,Каменица,Делчево
Трансфер за над 10 лица од Гевгелија,Дојран,Струмица,Радовиш
ТОП ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 230евра – 14 260ден
Програма
Прв ден
Поаѓање претпладневни часови од Македонија. Патуваме преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.–
Втор ден
Пристигнуваме во раните утрински часови. Застануваме попатно и правеме фото пауза кај Соленото Езеро – Туз Голу, кое се наоѓа на 905 м надморска височина. Пристигнување во Кападокија околу пладне. Сместување во хотел *** во регионот на Кападокија. Слободно време за одмор или индивидуална прошетка. Вечера. Факултатива: Ноќна обиколка со посета на еден од најголемите градови во регионот – Аванос. Во аванос има слободно време 1 ипол час за прошетка и разглед на градот. Потоа се упатуваме кон Гореме, слободно време 1 час. Фото пауза долина на камилите и фото пауза на местото трите убавици. Ноќевање.
Трет ден
Појадок. Факултатива (со доплата): лет со балон над Кападокија (рано наутро околу 05:00 часот). Во цената е вклучено: трансфер, шампањ, осигурување и сертификат. Кападокија се смета за едно од највпечатливите места во светот за вакво доживување. (настанот се одржува рано наутро околу 04:00 часот.Ако има ветар нема можност за реализација за летањето со балон и организирањето на трансфер до пистата каде што полетуваат балоните. Може да се резервира и само трансфер (15евра) до местото на полетување на балоните. Враќање во хотел и појадок.
Околу 08:30 започнува панорамска обиколка на регионот со посета на:
- Долината на гулабите
- Учхисар со неговата цитадела (панорамски поглед)
- Гореме (слободно време за прошетка)
Попладне враќање во хотел. Факултатива (17:30): посета на шоу на „Вртечките дервиши“. Вечера и ноќевање.
Четврт ден
Појадок. Факултатива: посета на град Невшехир и трговски центар Forum Kapadokya (слободно време околу 2,5 часа).
Потоа заминување кон Ортахисар – разглед и слободно време. Враќање во хотел. Вечера.
По желба (со доплата): вечерна програма во традиционален ресторан „Јашар Баба“ со:
- ориентални танци
- неограничени алкохолни и безалкохолни пијалаци
- турски мезе и овошје
- приказ на традиционална турска свадба
- За време на програмата во ресторанот имаме можност да набљудуваме рекреирана традиционална турска свадба. Враќање околу 23:30 часот во хотелот.
Петти ден
Појадок. Рано поаѓање кон Истанбул околу 06:00 часот. Пристигнување и сместување во хотел.–
Факултатива:
- вечерно крстарење по Босфор со богата програма и неограничени пијалаци
ИЛИ - вечерна автобуска тура низ Истанбул со посета на Outlet Viaport Venezia
Ноќевање.
Шести ден.
Појадок. Напуштање на хотелот околу 08:00 часот. Посета на трговски центар Florya – слободно време за прошетка и шопинг. Факултатива: посета на аквариумот Aqua Florya.
Кратка пауза (околу 40 минути) во маркет во близина на Одрин пред границата Капикуле.
Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.
ДВЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВИ
Поаѓањата за и од таму и паузите по патот можат да имаат измени зависност од потребите на патувањето. Тоа го одредува агенцијата.
Вклучено во цената
- Автобуски превоз со комфорен туристички автобус
- 3 ноќевања со појадок и вечера (сет мени) во хотел 3* во Кападокија
- 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Истанбул
- Фото пауза и посета на Туз Гьолу (Соленото Езеро)
- Панорамска обиколка на Кападокија
- Панорамска обиколка на Истанбул
- Посета на трговски центар Florya во Истанбул
- Богата туристичка програма по целата маршутa
Не е вклучено
- Автентичен ритуал на дервиши со танцот „Сема“ – 30 €
- Трансфер до местото на полетување на балоните – 15 €
- Влезница за аквариум: 30евра
- Вечерно крстарење со јахта по Босфор (Истанбул) со неограничена консумација на алкохолни и безалкохолни пијалаци, топли и ладни предјадења – 55 €
- Летање со балон над Кападокија – околу 240 €
- Посета на подземен ресторан „Јашар Баба“ со богата фолклорна програма(вклучено: овошје, јатки и пијалаци од домашно производство без лимит) возрасни – 40 € ,деца од 5 до 11,99 години – 25 €
- Ноќна обиколка до град Аванос 1:30 час слободно , слободно време во Гореме 1 час , фото пауза на долина на камилите, и долина на трите убавици– 15 €.
- Посета на Невшехир и Ортахисар – 15 €
- Ноќна обиколка на Истанбул со посета на трговски центар Via Port Venezia – 10 €Пратител – водич од туристичката агенција
Услови и напомени
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
- Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
- Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
- НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат. Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место. Со оваа програма важат Општите услови




