емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
AQUA SPA TERMALE 4*

Нови Пазар, Србија
Цена (EUR)
€175
Период на патување
Dec 05, 2026 – Dec 08, 2026
Што е вклучено
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување во хотел AQUA SPA TERMALE 4*
- 3 ноќевања со појадок (шведска маса) и вечера (порција мени)
- Користење на внатрешен и надворешен базен со топла термална вода и велнес-сауни (финска и парна)
- Сместување во двокреветни соби
- Туристички придружник за време на целото патување
- Организација на патувањето
- Организиран трансфер од Битола, Прилеп и Велес
Не е вклучено во цената
- Факултативна посета на градот Нови Пазар – 10€ (доплата на лице место)
- Патничко и здравствено осигурување
Опис
Aqua Spa Termale 4* се наоѓа во прекрасен природен амбиент во околината на Нови Пазар, во регионот Рашка, познат по својата богата историја, природни убавини и традиција на бањски туризам. Комплексот нуди можност за одмор и релаксација во термалните базени со вода со температура од 34 до 36°C, што овозможува пријатно уживање и во текот на зимските месеци.
Термалната вода претставува главна атракција на комплексот и се користи за релаксација, одмор и благопријатно дејство врз организмот, додека мирната природна околина создава идеални услови за бегство од секојдневието. Престојот во Aqua Spa Termale е одлична можност да се спојат термален одмор, релаксација, природа и посета на Нови Пазар, град со препознатлив ориентален дух, богато културно-историско наследство и традиционална гастрономија.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
ПРВ ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) БИТОЛА / СКОПЈЕ – AQUA SPA TERMALE 4*
Состанок на групата во Битола во 02:45 часот. Поаѓање кон Скопје во 03:00 часот. Патувањето продолжува преку Велес, со организиран прием на патници од наведените градови. Поаѓање од Скопје во 05:00 часот, со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце. Пристигнување во Aqua Spa Termale 4* околу пладне и сместување по соби. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на спа и велнес центарот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин, 18:00–22:00 часот машки термин и 22:00–24:00 часот бесплатен мешовит термин за нашата група. Вечера. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) AQUA SPA TERMALE 4* – НОВИ ПАЗАР
Појадок. Полудневен факултативен излет со локален водич до Нови Пазар, со шопинг и разгледување на Градската тврдина, Алтун Алем џамијата и Амир-Агин хан. Слободно време за користење на спа и велнес центарот според програмата на хотелот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин и 18:00–22:00 часот машки термин. Хотелот дополнително нуди внатрешен и надворешен базен со топла термална вода, велнес и сауни (финска и парна), како и масажи со доплата. Вечера. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) AQUA SPA TERMALE 4*
Појадок. По појадокот, слободно време за користење на спа и велнес центарот според програмата на хотелот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин и 18:00–22:00 часот машки термин. Вечера. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН – 08.12.2026 (ВТОРНИК) AQUA SPA TERMALE 4* – БИТОЛА / СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
FIRST MINUTE ДО 01.10.2026 – 159€
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ДО 25.10.2026 – 175€
РЕДОВНА ЦЕНА – 189€
УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 години, детето плаќа 100% од цената.
- Дете до 3,99год – бесплатно во трокреветна соба, а деца од 4-11,99год – 50% во трокреветна / четворокреветна
- За еднокреветна соба се доплаќа 45€.
- За сопствен превоз, не се одбива од цената
- За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето најдоцна 7 дена пред поаѓање, согласно Општите услови за патување.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а целосната доплата се врши најдоцна 10 дена пред поаѓањето.
- Патниците се должни за време на патувањето да ги почитуваат упатствата на туристичкиот придружник.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување








