Истанбул за 11-ти Октомври

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевањa

09 октомври (петок)     СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во 17:30 часот. Поаѓање за Турција во 18:00 часот. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.

10 октомври (сабота)     ИСТАНБУЛ
Пристигнување во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата… завршеток со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), можност за посета и на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ – антички резервоар за вода кој се’ уште opстојува под Истанбул). Сместување во хотел. Ноќевање.

11 октомври (недела)     ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ И ТОП КАПИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај (првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922 г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк). Денес е национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатство и посета на палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед (некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II). Слободно време или можност за вечера во национален ресторан. Ноќевање.

12 октомври (понеделник)     ИСТАНБУЛ / БОСФОР – СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор и панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Пловење под мостовите над Босфор, кои ги поврзуваат копната на континентите Европа и Азија, Попладне заминување кон Македонија. Патот води преку Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 170€ (10.540 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса се плаќа не рецепција во хотелот 
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Факултативна вечера во национален ресторан (40 €)
– Факултативна посета на Долма Бахче Сарај  и Топ Капи – без влезници (35 €)
– Факултативно крстарење по Босфор (25 €)
– Патничко здраствено осигуривање (информации во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување .