ВЕНЕЦИЈА за 23-ти Октомври

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевања

22 октомври (четврток)   СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА 
Состанок на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во 14:30ч. Поаѓање за Венеција во 15:00ч. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

23 октомври (петок) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло, во претпладневните часови. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Сместување во хотел. Ноќевање.

24 октомври (сабота) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА 
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет со посета на Фиренца. Разгледот на еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата во кој твореле големите уметници на 14. и 15.век, започнува со Базиликата на Св.Крст (“Santa Croche”) – Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните (Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, до Базиликата Сан Лоренцо со капелата Медичи и крстилницата Сан Џовани. Враќање во Венеција во вечерните часови. Ноќевање.

25 октомври (недела) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот во Венеција и заминување кон градот на Ромео и Јулија – Верона. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа познатата Арена, а потоа продолжува по улицата “Mazzini” која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” на кој се наоѓа статуата на Данте, а од таму се продолжува кон дворот од куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате покрај нејзината статуа. Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето води преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори. Пристугнување во Скопје наредниот ден во претпладневните часови.

Цена на аранжманот: 190€ (11.780,00 мкд)


Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градовите Венеција и Верона
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– (*) Превоз со “Вапорето” од Пунта Сабионе до Венеција и разглед (35 €)
– Туристичка такса, со наплата на рецепција во хотел
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Факултативна посета и разглед на Фиренца со локален водич (55 €)
– Патничко здравствено осигурување (информација во агенција)

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
– За овој аранжман важат Општите услови за патување .