ПРАГА за 23-ти Октомври

Според Франц Кафка, оној кој ја задржува способноста да ја препознава убавината никогаш нема да остари. Прага, еден од најубавите градови во светот, зазема посебно место во срцето на Кафка. Ќе бидете импресионирани од нејзината богата историја и неконвенционалниот начин на живот на „боемските“ жители на градот.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевањa

Прага е илјадагодишен центар на Бохемија, а терминот „боемци“ се користи низ вековите за да се опишат луѓе со креативен и неконвенционален начин на живот. Прага упатува покана до сите кои го ценат нејзиниот “genius loci” и уникатниот начин на живот на луѓето од Прага да ги истражат нејзините улици… Во средниот век, Прага била главен град на Боемското кралство на Карло IV, а Прашкиот замок бил седиште на империјата. Оттогаш, градот игра клучна улога во регионот. Епската историја на Прага создала град полн со убавина, со прекрасни згради од готската, ренесансната и барокната ера и со величествени плоштади. Во модерното време, туризмот во Прага помогнал во нејзината регенерација, трансформирајќи ги сивите, запуштени згради во фини ресторани, стилски хотели и живи барови; доблесен круг, кој охрабрува сè поголем број туристи да го посетат градот.

22 октомври (четврток)    СКОПЈЕ – ПРАГА  
Состанок на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во 13:30 часот. Поаѓање за Прага во 14:00 ч. Патувањето води преку граничниот премин Табановце, Србија и Унгарија. Ноќно возење со попатни одмори.

23 октомври (петок)    ПРАГА (панорамски разглед)
Пристигнување во Прага во попладневните часови. Панорамски разглед на градот: Старо место: Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париска улица, плоштадот Старо место со Астрономскиот часовник – Орлој, Градската кула, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Уневерзитетот на Карло четврти, Вацлавски намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито… Сместување во хотел. Слободно време за одмор, или можност за факултативно крстарење по В’лтава. Ноќевање.   

24 октомври (сабота)  ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок.
Слободен ден за индивидуални активности и прошетки или можност за факултативен излет до Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одмаралиште на европската аристократија и културна елита во 19 век. Можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани, продавници и колоритни згради со автентична архитектура. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладне враќање во Прага. Навечер, факултативно – можност за посета на национален ресторан – Пивница. Ноќевање.

25 октомври (недела) ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ
Појадок.
Заминуваање од Чешка преку Австрија, со попатна посета на Виена: Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, катедралата Св.Штефан и Штефанплац, Бургтеатар, Мусеум Квартие, Палатата Хофбург, Парламентот, Градското Собрание Ратхаус, катедралата Фотиф, Универзитетот, Маријатерезианплац, Виенската Опера… Слободно време. Во попладневните часови патувањето продолжува кон Македонија. Пристигнување во Скопје следниот ден на пладне. 

Цена на аранжманот: 210 € (13.020 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градовите Прага и Виена
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Туристичка такса се плаќа на рецепција во хотелот
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Факултативно Кстарење по В’лтава (25 €)
– Факултативна посета на карлови Вари (40 €)
– Патничко здраствено осигуривање (информации во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
– За овој аранжман важат Општите услови за патување .