АТИНА 8МИ ДЕКЕМВРИ

термин: 05.12-08.12.2026

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град, додека пак старогрчка Атина била моќен град- држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 € 11.720 мкд
ПРОМО ЦЕНА: 159  /9.860 мкд

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:


-Автобуски превоз 
-Сместување во Хотел 3*, на база 2 ноќевања со појадок
-Панорамски разглед со водич
-Туристички придружник за време на целото патување
-Организиран превоз Кочани,Штип и Велес

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Патничко осигурување- (200 мкд)
-Посета на Пелепонез (Нафплио, со вклучени влезници за Епидариус и Микена) – 45е 

**(Напомена-Влезниците се вклучени само со купување на пакетот)**
-Посета на Пиреја и Сунион- 40 евра
-Влезница за Акропол со локален водич- 40 евра (разглед со локален водич)
-Туристичка такса- 5 евра од лице
-Пакет – (Пелепонез,Пиреја, Сунион и Акропол)- 115 евра
-Индивидуални трошоци
-Доплата за синг соба 60 евра за две вечери

 -За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
– За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжма

ПРВ ДЕН – 04.12.2026 (ПЕТОКСКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата во 20.00 часот пред хотел Русија. Поаѓање за Атина во 20.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) АТИНА

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место.

Сместување во хотел. . Слободно време за одмор и заедничка посета на познатиот и прекрасно украсениот кафич-Little Kook (тематски кафич кој во секое време од годината е украсен, особено сега по повод Божиќ и Нова Година украсен е на таков начин што погледот ќе ви го одземе здивот).

Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…

Вечерта слободно време за индивидуални активности и вечерна прошетка на познатиот плоштад Монастираки (најпознат плоштад на чија улица се наоѓаат и познатите брендови за облека)

Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) АТИНА – СУНИОН – СКОПЈЕ 

После појадокот напуштање на собите и се упатуваме на излет кон Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По завршување на екскурзијата, патот го продолжуваме кон Македонија Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 08.12.2026 Вторник. 

Сами сте, сакате да патувате а не ви се надоместува за еднокреветна соба? Нашaта агенција го има вашиот TRAVEL BUDDY! За ова патување ние Ве спојуваме со непозната личност, што значи тоа? Уплаќате за аранжманот, се запознавате со личноста пред да одите на патување што исто така има уплатено за турата и патувате заедно. Нашата цел е да ги споиме патниците, да Ве ослободиме од надомест за еднокреветна соба и правиме можност да запознаете нова личност и секако ново пријателство. Доколку сакате да патувате сами, си доплаќате за еднокреветна соба

НАПОМЕНИ:
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. 
 – За ова патување важат општите услови за патување .