емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Даруварске Топлице и Божиќен Загреб

Програма на патување:
1 ден 05.12.2026 (сабота) СКОПЈЕ – ДАРУВАР
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 21.00 часот. Поаѓање за Хрватска во 21.30 часот. Ноќно возење преку Србија и Хрватска со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
2 ден 06.12.2026 (недела) ДАРУВАРСКE ТОПЛИЦE
Пристигнување во претпладневните часови во Дарувар. Оставање на багажот во хотелот и кратко и време за освежување од патувањето. Следува лесна прошетка низ Јулиевиот парк и центарот на градот, до дворецот Јанковиќ, со надворешен разглед. Слободно време за ручек по сопствен избор. Сместување во главната зграда на хотел Термал 3★ според хотелското време за пријава. Попладнето е слободно за одмор и користење на термалните базени на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3 ден 07.12.2026 (понеделник) ДАРУВАР – ЗАГРЕБ (АДВЕНТ 2026) – ДАРУВАР
Појадок. Кратко слободно време за утринско капење во термалните базени. Ден предвиден за посета и разглед на еден од најубавите Божиќни пазари во Европа, разглед на главниот град на Хрватска Загреб и загребачкиот божиќен пазар – Адвент 2026. Поаѓање за Загреб во 10:30 часот. Пристигнување околу 13:00 часот и пешачки разглед со локален водич: плоштадот Бан Јелачиќ, Калчиева улица, Камената порта и Горниот град, црквата Св. Марко… По разгледот, следи слободно време за индивидуални прошетки и уживање во Божиќниот пазар. Во договорено време во 18 часот собирање на групата и враќање во хотел во Дарувар. Вечера. Ноќевање.
4 ден 08.12.2026 (вторник) ДАРУВАР – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за факултативна посета на Пивовара Дарувар која вклучува дегустација на сирења и пива. Во договорено време во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Дневно и ноќно возење преку Хрватска и Србија со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Промо цена за комплетна уплата до 30.10.2026 – 219€/13.578ден
Редовна цена на аранжманот – 249€/15.438ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:.
• Πревоз со туристички автобус на наведената релација
• Сместување во хотелскиот комплекс Даруварски Топлици во Хотел Термал 3* на база 2 ноќевања
• Исхрана на база полупансион (појадок и вечера шведска маса)
• Бесплатно користење на базените во хотелот со термална вода од 30 до 36°C
• Организирана прошетка и разглед на Дарувар со локален туристички водич
• Организација, реализација и лиценциран туристички придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:.
• Патничко и здравствено осигурување
• Туристичка такса и рецепциска пријава 5€ по лице за цел престој (доплата на лице место)
• Целодневна факултативна посета и разглед на Загреб со локален водич – 40€ (доплата во автобус)
• Индивидуални неспоменати трошоци
Важни напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
– За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ.








