НОВИ САД – Фрушка Гора и Белград

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 

22 октомври (четврток) СКОПЈЕ  НОВИ САД
Состанок на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во 23:00 ч. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 

23 октомври (петок) НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – дна од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Сместување во хотел. Вечерта, слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

24 октомври (сабота)  ФРУШКА ГОРА  СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ 
Појадок. Слободно време за индивиуални активности или Факултативен излет до националниот парк Фрушка Гора познат и како “Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелот и слободно време за одмор. Ноќевање.

25 октомври (недела)  НОВИ САД – СКОПЈЕ
Појадок.
Слободно време за индивиуални активности или факултативно заминување во посета на војводински Салаш, кој ќе ве воодушеви со неговит автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Патувањето кон Скопје продолжува во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот – 160 € (9.920,00 ден) со вклучен разглед на градот

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено: 
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Факултативен излет до Фрушка гора и Сремски Карловци (25 €)
– Посета со организиран ручек во Салаш (35 €)
– Патничко здраствено осигуривање

Напомени: 
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
– За патување потребено е да се поседува валидна лична карта или биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци. 
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување 
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
– За овој аранжман важат Општите услови за патување 

Вклучени услуги

– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Не е вклучено