Јужна Италија – Апулија и Матера

Бари, Алберобело, Полинјано а Маре, Лече, Отранто, Таранто, Матера, Алтамура, Барлета



Датуми на поаѓање

09.05.2026 – 12.05.2026 €758.00 – цена за 2 возрасни

13.06.2026 – 16.06.2026 €778.00 – цена за 2 возрасни

27.06.2026 – 30.06.2026 €778.00 – цена за 2 возрасни

18.07.2026 – 21.07.2026 €798.00 – цена за 2 возрасни

04.08.2026 – 07.08.2026 €798.00 – цена за 2 возрасни

Локација

БАРИ – Стариот град (Bari Vecchia) плени со тесни калдрмисани улици, средновековни цркви и традиционални ресторани. Најпозната знаменитост е Basilica di San Nicola, а модерниот дел на градот нуди продавници, кафиња и променада крај морето.

АЛБЕРОБЕЛО  – мал град во регионот Апулија, југот на Италија, познат по својата уникатна архитектура – традиционалните камени куќи со конусни покриви, наречени trulli. Стариот дел на градот е зачуван како светско културно наследство на УНЕСКО и нуди живописни улички, локални продавници и традиционални ресторани, што го прави уникатна атракција за сите.

ОТРАНТО – историски град на југот на Италија, кој плени со стариот дел со тесни улички, средновековни ѕидини и чаробно пристаниште. Главната знаменитост е Cattedrale di Otranto, позната по впечатливиот мозаик од 12. век. Градот нуди и убави плажи и можност за прошетки покрај морето.

ТАРАНТО – познат важен пристанишен и индустриски центар, со богато историско наследство од грчкото и римското време. Главните знаменитости вклучуваат Castello Aragonese – средновековна тврдина, старото пристаниште и Археолошкиот музеј. Градот нуди и убави прошетки покрај морето и локална гастрономија.

МАТЕРА-град заштитен од Унеско,град  каде од белведерето на централниот плоштад

Ќе уживате  во  погледот на   пештеките населби каде што луѓето живееле уште во палеолитот

Програма

1 ден – 09.05.2026 (сабота)

Состанок на групата на аеродром во Скопје, 2 часа пред летот. Директен лет до Бари со авиокомпанијата Wizz Air во 21:55 ч. и пристигнување во 23:05 ч. Пристигнување и сместување во хотел во околината на БариНоќевање.

2 ден – 10.05.2026 (недела)

Појадок. Организиран превоз со автобус, до Polignano a Mare со кратка посета на стариот дел, стариот римски мост, Lama Monachile плажата и споменикот на Domenico Modugno познат по познатата Италијанска песна ( Volare)Патувањето продолжува кон Алберобело (град заштитен од UNESCO) и се посетуваат традиционалните куќи Trulli. Следува посета на Отранто со Castello Aragonese – средновековна тврдина, градот каде ќе уживаме во морската шир, каде се мешаат Јадранското и Јонското море . Слободно време за ручек. Продолжуваме кон Лече со посета на Basilica di Santa Croce – барокна катедрала, црквата на Св. Марија, Piazza del Duomo – главниот плоштад, статуата на Sant’Oronzo, Porta Napoli – историска градска порта, замокот и амфитеатарот. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 11.05.2026 (понеделник)

Појадок. Поаѓање кон Taranto со разглед на Castello Aragonese – средновековна тврдина, Taranto Cathedral – катедрала, Ponte Girevole – ротационен мост, Lungomare – шеталиште покрај морето, Palazzo del Governo – државна зграда од времето на Мусолини. Потоа продолжуваме кон Матера град заштитен од   UNESKO со посета на Sassi di Matera – древни пештерски населби издлабени во карпи, катедралата Matera и црквите издлабени во карпи.  Matera e позната по највкусен и крцкав леб во Италија. Тука се снимени и сцени од филмот (No time to die – 007) James Bond од 2021. Патувањето продолжува кон Алтамура со Piazza Duomo – главниот плоштад и катедралата на градот како и најстарата пекара Forno Santa Caterina од 1306 година повеќе од 700 години стара. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден – 12.05.2026 (вторник)

Појадок. . Поаѓање за Барлета со посета на главната катедрала, Santa Maria Maggiore – историска црква, Basilica di Santa Sepolcro и Svevo Barletta Castle – средновековна тврдина. Потоа продолжуваме кон Puglia Village – шопинг центар каде ќе имаме слободно време. Продолжуваме кон Бари, каде ке ја посетиме црквата Свети Никола, каде што се наоѓаат моштите од Свети Никола, Castello Normanno-Svevo – средновековна тврдина, и Piazza Mercantile – историски плоштад, театарот Teatro Margherita. Прошетка по шеталиштето  Lungo Mare во новиот дел на Бари. Слободно време за кафе и шопинг на познатата улица во Бари Via Sparano. Трансфер до аеродром, полетување во 22:40 ч. и пристигнување во Скопје во 23:50 ч.

Вклучено
  • Авио билет на релација Скопје – Бари – Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок според програмата.
  • Расположливост за еднокреветна соба е на барање.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и пратител
  • Претставник на македонски јазик
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој .
Не е вклучено
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Факултативни излети
  • Останати трошоци кои не се спомнати
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
Напомена
  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • 3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.