СПА ВИКЕНД ВО БОГУТОВАЧКА БАЊА-СРБИЈА(17.01-19.01.2026)

Добредојдовте во реновираниот хотел и спа центар Богутовачка Бања, кој се наоѓа во мирна средина во близина на Краљева. Овој модерен хотел нуди врвни медицински услуги и удобни соби и апартмани со сите потребни содржини. Нашиот лекар и терапевт обезбедуваат персонализирани терапии базирани на лековита вода за да ви овозможат најдобро искуство за закрепнување и релаксација.

Уживајте во разни активности што ги подготвивме за вас, од прошетки во прекрасни природни пејзажи, до спортски активности и релаксирачко време во базените. Доживејте го совршеното патување што ќе ви го даде мирот и релаксацијата што ги заслужувате.

Прв ден (17.01.2025)-сабота Скопје-Богутовачка бања

Состанок со групата во 05.45 час, поаѓање од Скопје во 06:00 час, 06.30 час. – Куманово.

Се патува преку граничен премин Табановце, со лична карта, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.

Втор ден (18.01.2026)-недела Богутовачка бања-Манастир Жича

Појадок. Moжност за  факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.

Трет ден (19.01.2025)-ПонеделникБогутовачка бања-Скопје

Појадок. После појадокот слободно време за рекреација и индивидуални активности и 12 часот поаќање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часовиЛокација на поаѓање и враѓање

Скопје- 06:00  Куманово – 06:30

Во цената е вклучено:
  • Сместување во Хотел Минерал 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања
  • – Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
  • Користење на базенот со лековита вода – Користење на рекреативниот базен со температура на водата до 28 степени, може да се користи во текот на целиот ден ( поврзан е со хотелот )
  • Туристичка такса
  • туристички придружник
Во цената не вклучено:
  • факултативна посета на манастирот Жича – 10€ (доплата на лице место)
Попусти и опционални доплати:

Доплата за еднокреветна соба 2000 ден (на барање)

Дете до 4 год. во придружба на 2 возрасни (дели легло) бесплатно во хотел плаќа само превоз 2000ден (на барање),, Дете 4-10 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 4.500ден (на барање)

Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)