Хотел Орбилукс 3*

Хотелот Орбилукс 3* е еден од најмодерните во Банско и е место каде можете да се насладувате на убавината на зимската идила и природа. Неговата местоположба е идеална, на само 480 метри од ски лифтот, а сето тоа надополнето со спојот на традиционалното и модерното, ќе го направи вашиот престој незаборавен.

СОДРЖИНА: За удобноста на гостите хотелот има централно греење, рецепција, собна услуга, интернет, лоби бар, ресторан, летна градина, скара, покриен базен, современо опремен спа центар (сауна, парна бања) со топла врска, фитнес центар, сали за масажа, ски гардероба, минибус кој бесплатно ве носи и враќа од ски центарот, лифт, 24 часовна лекарска услуга.

Ресторанот Орбилукс нуди пријатна атмосфера со вкусна храна, како класична, така и традиционална, подготвена од мајсторските раце на готвачите.

Од апартманите се открива неверојатна глетка кон пистите на Банско и Пирин планина. Хотелот нуди можност за изнајмување на ски опрема и купување на ски карта директно на рецепцијата. Собите располагаат со мини кујна.

Ценовник

ОРБИЛУКС 3* – На база полупансион HB – 3 ноќевања
ТЕРМИНИ:ЦЕНА
13.01 – 16.01109евра
20.01 – 23.01119евра
27.01 – 30.01119евра
03.02 – 06.02119евра
10.02 – 13.02109евра
17.02 – 20.02109евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • три ноќевања во хотел ОРБИЛУКС 3*(http://www.orbilux.bg/) на база полупансион (појадок и вечера)ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • неограничено користење на базенот и спа центарот, како и теретана
  • комплетна организација и придружник за време на патувањето и престојот во Банско

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • задолжителна доплата за туристичка такса, едно евро од ден
  • повратен автобуски превоз на релација Скопје – Банско – Скопје – 30евра по лице
  • задолжително патничко осигурување
  • факултативна посета на бачило

НАПОМЕНИ:

  • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа и спие во кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 11,99 години на дополнителен кревет плаќа 50% од сумата
  • Дете со еден возрасен на класичен кревет ја плаќа целосната сума на аранжманот
  • Цена за превоз на деца до 11,99 години 20 евра по лице

МОЖНОСТ ЗА БИРАЊЕ НА ТЕРМИН И БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ВО ЗАВИСНОСТ ОД ПЕРИОД. ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН И СОПСТВЕН ПРЕВОЗ.

ПРОГРАМА:

Прв ден (четврток): Состанок на групата во раните утрински часови на Дрводекор во Скопје. Поаѓање за Банско по сместувањето на багажот и патниците во автобусот. Патување преку граничен премин Деве Баир, со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Банско во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно попладне и време за индивидуални активности.

Вечерта во зависност од договорот со претставникот, се посетува некој од локалните клубови и дискотеки.

Втор ден (петок): Во договор со вашиот водич, постои опција за факултативна посета на бачилото (Бандеришка Полјана). Групата се задржува неколку часа и ужива во зимското Сонце, пиејќи топло чајче со рум или греено вино. Атмосферата се вжештува со забавата која ја прават девојките качени на хамери, кои покрај оние што се дојдени за уживање, ги примамуваат и скијачите да се придружат на забавата.

Повторно вечерта организирана посета на клуб или диско.

Трет ден (сабота): Слободен ден за секакви активности по ваша желба, а вечерта како за крај повторно се посетува некој локален паб или клуб.

Четврт ден (недела): Напуштање на собите до 10:00часот, слободно време се додека не дојде време за поаѓање за Македонија (во договор со водичот). При враќањето кон Македонија, групата застанува во Метро на кратка пауза за освежување и мал шопинг. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Галерија

Локација