Венеција 11ти Октомври

1.Ден 10.10.2023 (вторник)                        СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА 

Состанок на групата во 14.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Италија во 15.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

2.Ден 11.10.2023 (среда)                                       ВЕНЕЦИЈА  

Пристигнување во претпладневни часови во Пунта Сабиони и заминување на разлед и посета на Венеција. Организран трансфер со брод – вапорето и прошетка низ уличките во градот на мостови и канали; Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. По разгледот заминување за Лидо ди Јесоло и сместување во хотел.  Ноќевање.

3.Ден 12.10.2023 (четврток)                   ВЕНЕЦИЈА – МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО – ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативно крстарење по островите на Венецијанска лагуна, Мурано, Бурано и Торчело. Започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело, островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Враќање во Лидо ди Јесоло. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки.  Ноќевање.

4.Ден 13.10.2023 (петок)                ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА 

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и лулката на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање назад во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

5.Ден 14.10.2023 (сабота)              ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Посета и разглед на градот на Ромео и Јулија; Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност за шопинг во некои од најдобрите италијански брендови поставени на улицата Виа Мацини. Во попладневните часови заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. 

6.Ден 15.10.2023 (недела)                                СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.  

ПРОМО ЦЕНА – 169€/10.478ден

***со пријава на пакет екскурзии

Редовна цена – 199€/12.338ден 

Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;

– Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло (или околина) на база 3 ноќевања со појадок;

– Организирана посети на градовите според  програмата; 

– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко и здравствено осигурување; 

– Организирана посета на Венеција со брод вапорето – 25€;

– Факултативна екскурзија со брод по островите Мурано, Бурано и Торчело – 35€; 

– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 50€; 

– Доплата за туристичка такса (2€ по лице од ноќ); 

– Влезници по културно – историските  знаменитости и индивидуални трошоци. 

Напомени: 

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. 

– За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање. 

– За еднокреветна соба доплатата изнесува 60€ на цената на аранжманот. 

– Трето возрасно лице на дополнителен кревет добива -10% попуст од цената на аранжманот. 

– Доплата за бирање на седиште во автобус 10€ по лице (за минимум 2 лица) 

– Доплата за дополнително седиште во автобус 75€/4.650ден 

– Дете 2-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет добива -20% попуст од цената на аранжманот 

– Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници. 

– Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени. 

– Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра. 

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.  

– Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд. 

– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ.