Лето во Римини 2023

План и програма

Поаѓање од Македонија

Поаѓањето од Македонија е ден пред започнување на аранжманот. Доколку ги гледате термините имајте предвид дека термините се од денот на Check in, а од терминот на Check out.

Патувањето е со автобус во текот на ноќните часови. Се патува преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија. Со редовни попатни застанувања за тоалет, храна и одмор.

Прв ден: Пристигнување во Римини

Пристигнувањето во Римини е предвидено во утринските часови. Со самото пристигнување групата ги остава куферите во хотелот и има слободно време за кафе опуштање по патот. Check in во хотелските соби е по 14:00 часот.

Втор ден Деветиот ден во Римини

Вториот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Појадокот е вклучен во цената на аражманот. Додека ручек и вечера, гостите може да си нарачат дирекно во ресторанот на хотелот со плаќање на лице место.

Слободно време за уживање на долгите песочни плажи.Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично.

Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.

Десетиот ден во Римини

Појадок во хотелот и одјавување од хотелските соби.

Check out: 09:00 часот

Поаѓање кон Македонија во договореното време.
Почитувани патници имајте предвид дека турите кои ги организираме се нискобуџетни и автобускиот превоз е во кружни тури. Што значи тоа, тоа значи дека со вашето одјавување, треба да бидат подготвени собите за влез на новата група. Нашиот автобус во меѓувреме се чисти и се подготвува за враќање назад, нашите шофери и туристички придружници при самото пристигнување добиваат слободни соби за одмор за враќање назад.

Предвидено време за враќање кон Македонија: 16:00 часот.

Сместување
Хотел Глобус*** Римини

Сместувањето во Римини е во хотелот Глобус кој е хотел со 3 ѕвезди и ги задоволува потребите и барањата на македонските туристи. Хотелот е на само втор ред од плажа, а престојот во хотелот вклучува и појадок за гостите.

Хотелот има бесплатен Wi-Fi, а има и ресторан и бар кои работат во текот на целиот ден и во кој гостите може да ручаат и вечераат со доплата дирекно во хотелот.

Собите во хотелот имаат ТV, тоалет и купатило, а дел од собите имаат и балкони, но сместувањето по собите го одредува менаџментот на хотелот според карактиристиките на собите.

Хотелот служи континентален појадок.Собите на хотелот имаат клима уреди.

Хотелот е идеален за групи (друштва), парови и за семејства со деца.Хотелот има рецепција која работи 24/7.Хотелот има одлична локација, веднаш до плажа, на улица со многу продавници, супермаркети, кафулиња и ресторани.

Од ДоЦена / Промо Цена
14.06.2023 22.06.2023310 EUR / 279 EUR
22.06.2023 01.07.2023359 EUR/ 315 EUR
01.07.202310.07.2023390 EUR / 345 EUR
10.07.202319.07.2023415 EUR / 396 EUR
19.07.202328.07.2023429 EUR /399 EUR
28.07.202306.08.2023429 EUR / 399 EUR
06.08.202315.08.2023429 EUR / 399 EUR
15.08.202324.08.2023415 EUR / 389 EUR
24.08.202302.09.2023389 EUR / 369EUR
Што е вклучено во цената

9 ноќевања со вклучен појадок во хотел Глобус во Римини
Автобуски превоз на релација Македонија- Римини-Македонија
Туристички придружник и целосна организација до дестинацијата и за време на одморот
Бесплатни влезници во аква парк
Бесплатен Wi-Fi во хотелските соби

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување
Ручек и вечера (гостите имаат можност да нарачат дирекно во ресторанот на хотелот)

Галерија

Важно

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
  • Аранжманот за деца до 12 години изнесува 299 евра за сите аранжмани/ освен првиот термин кој е 279 евра.
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето се реализира исклучиво со пасош (патна исправа).
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште. Ве молиме почитувајте го ова правило.
Локација на сместувањето
Факултативни излети
Посета на најголемиот луна парк во Италија
Цена за пакет: дополнително

Мирабиландија е тематски парк од 210 хектари, лоциран во Савио, Италија, област на Равена, која се наоѓа во Емилија-Ромања. Со вкупна површина од 850.000 квадратни метри, тој е најголемиот парк во Италија. Има површина од 55 хектари, со дополнителен воден парк од 12 хектари, наречен Мирабич.

Посета на Сан Марино

Цена за пакет: дополнително

Сан Марино тврди дека е најстара документирана независна уставна република во светот. Независноста на Сан Марино започнала со основање на манастирска заедница предводена од Свети Марин на 3 септември 301 година. Марин го напуштил Раб, тогашна римска покраина на Арба, во 257 година кога тогашниот иден император Диоклецијан издал декрет за реконструкција на градските ѕидини на Римини кои претходно биле уништени од лубурниските пирати.

Посета на Равена

Цена за пакет: дополнително

Равена е петти по големина град во провинцијата Емилија-Ромања во северниот дел на земјата и главен град на истоимената област Равена.

Равена е позната како важен историски центар за време на Западното Римско Царство и раната Византија (Равенска егзархија). Во градот има неколку величествени цркви од византискиот период, како најдобри примери на рановизантиската уметност во времето на императорот Јустинијан. Затоа, овие споменици сега се дел од наследството на УНЕСКО.

Посета на Болоња

Цена за пакет: дополнително

Болоња — град во Италија. Болоња е и главен град на истоимениот Округ Болоња и главен град на покраината Емилија-Ромања во северна Италија. Градот е најпознат по Болоњскиот универзитет, најстар во Европа, многу ценет и почитуван денеска. Како стар универзитетски град тој и понатаму е мета на многу студенти поради неговата традиција и културното богатство. Во овој град денеска студираат околу 100.000 студенти или четвртина од градското население. Стариот дел на Болоња е под заштита на Унеско.