емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ДОЧЕК НА ПРАВОСЛАВНА НОВА ГОДИНА ВО СОКОБАЊА
(Свечена вечера со музика во живо и неограничен пијалок)
(13.01.2024 – 14.01.2024)
Прв ден: 13.01.2024 (сабота)
Поаѓање на групата од Кавадарци во 03.30 часот и од Скопје во 05.00 часот (пред туристичките агенции ) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Сокобања, лидерот на бањскиот туризам во Србија, местото опкружено со четири планини (Ртањ, Озрен, Девица и Буковик) кое изобилува со недопрена природна убавина, чист воздух и квалитетна термална вода. Сместување во новоотворениот хотелски објект „Zeleni Grad“ кој е во состав на хотелскиот комплекс „Nataly Spa“ 3*** (www.natalyspa.com) и се наоѓа на само 100 метри од центарот на Сокобања. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. На располагање на гостите им е затворениот базен со максимална длабочина од 1.6 метри со хидромасажери и воден слап и со температура на термалната вода до 30 степени. Wellness центарот содржи парно купатило, сауна, џакузи за двајца, kneipp клупа… Вечерта организиран Дочек на Православна Нова Година во панорамскиот ресторан на хотелот. Свечена вечера со неограничен пијалок и музика во живо. Ноќевање.
Втор ден: 14.01.2024 (недела)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ градот. Одјавување од собите во хотелот во 11.00 часот. Можност за бесплатно користење на базенот и спа центарот во хотелот до 14.00 часот кога имаме организиран ручек во панорамскиот ресторан. Во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………159 евра (9.860 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Едно ноќевање со појадок во „Zeleni Grad“ во состав на комплексот „ „Nataly Spa“ 3***
– Организиран Дочек на Православна Нова Година
– Свечена вечера со музика во живо и неограничен пијалок
– Ручек во хотелот
– Користење на затворениот базен и Wellness центарот во хотелот
– Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Доплата за еднокреветна соба – 30 евра
– Туристичка такса (се плаќа во агенцијата) – 1 евро по лице од вечер
– Патничко осигурување
За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници