емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
БУДВА И ДУБРОВНИК ЗА СВ.ВАЛЕНТАЈН
Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.
Покрај посетата на Будва ги посетуваме Дубровник, Котор, Пераст и Тиват. Во продолжение програмата…
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАН ДО 22.01 (99 ЕВРА)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАН 109 ЕВРА
Програма
08.02.2024 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ- БУДВА
Состанок на групата во 22:00 часот пред хотел Русија. Организиран превоз од: Koчани и Штип заминување за Црна Гора во 22:30 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на арнжманот.
Пристигнување на Острог во раните утрински часови. Сместен во карпа, изидигнад над шума, на 900 метри надморска височина е домот на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпостуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетите од сите религи и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог се упатуваме кон Будва. Разглед на градот со локален водич.Сместување во апартманите Слободно време за одмор. Ноќевање
10.02.2024 (САБОТА) БУДВА-ДУБРОВНИК
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини има незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море… Слободно време за индивидуални активности, враќање кон Будва. Посета на некој паб или клуб во Будва. За влез во Хрватска потребен е пасош. Ноќевање.
11.02.2024 (НЕДЕЛА) БУДВА-ТИВАТ-КОТОР-СКОПЈЕ
Првото место што се псоетува е местото Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек По посетата на Котор групата се упатува кон Македонија а попатно се зимаат патниците кои не одат на овој факултативен излет. Пристигнување во Македонија после полноќ.
Што е вклучено:
- Автобуски превоз
- 2 ноќевања во приватни сместувања.
- Организирана прошетка во Будва
- Туристички придружник
- Посета на Острог
Не е вклучено:
- Патничко осигурување (се вади во агенција)
- Туристичка такса 2 евра од лице. Се плаќа задолжително од лице во автобус
- Факултативен излет до Тивати и Котор – 25 евра (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
- Факултативен излет до Дубровник – 30 евра (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
- Влезници за културно – историските споменици и локалитети