емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
23.ОКТОМВРИ НА ЗЛАТИБОР
Сирогојно-Дрвенград-Врњачка Бања
(20.10.2023 – 23.10.2023)
Златибор, една од најубавите планини во Србија… Доколку копнеете по неверојатно убави пејзажи и чист планински воздух, тогаш Златибор е вистинскиот избор…
Престолонаследникот Ѓорѓе Караѓорѓевиќ уште во 1905-та година за ова планинско место запишал:
„По својата романтичност, Златибор со право може да се нарече Швајцарија без езера“.
Има неколку легенди како планината го добила името, но сите се поврзани со белиот бор кој на едни им бил инспирација за творештво, а на други извор за егзистенција…
„Гледај високо, диши длабоко… Ова е Златибор“!
20.10.2023 (петок)
21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции)кон Србија. Патуваме со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Прв ден: 21.10.2023 (сабота)
Пристигнување во Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Попатна посета на Стопиќ Пештерата која е под заштита на државата како Споменик на природата. Тоа е речна пештера низ која тече чистиот Трнавски поток, втора по големина во Србија според грандиозниот влез кој е висок 18 метри а широк 35 метри. Пештерата е составена од пет целини: Светла сала,Темна сала, Голема сала со кади, Канал со кади и Речен Канал. По посетата на пештерата, продолжуваме кон етно селото Сирогојно каде ќе ја разгледаме единствената музејска поставка под отворено небо со педесетина оригинални куќи-брвнари кои прикажуваат како изгледале куќите во златиборските села пред повеќе од два века.Во музејскиот комплекс доминира куќа од типот на златиборската брвнара изградена во комбинација на камен и дрво а околу неа се наоѓаат помошните простoрии: гостинска куќа, млекара, амбар, занаетчиска работилница, штала… Во 70-те години од минатиот век жените се погрижиле селото да не остане познато само по етно музејот; успеале да го лансираат еден од најголемите српски модни брендови-сирогојскиот џемпер плетен од волна од врвен квалитет и украсен со шари од автентични златиборски мотиви. При посетата на Сирогојно ќе можете да го разгледате Музејот на плетачкитево кој се изложени квалитетни волнени производи. Освен тоа, тука се чуваат текстови од модни часописи и ревии, писма и фотографии на познати личности кои имале барем по еден експонат од колекцијата на златиборските плетачки: Јованка Броз, Барбара Буш, Ненси Реган, позната глумица Лив Улман, славниот француски креатор Пјер Карден… Пауза за кафе и закуска во некој од рестораните во Сирогојно а потоа враќање во Златибор. Сместување на групата во хотелот „Buket“ 4**** (www.buketzlatibor.rs) кој се наоѓа на одлична локација во прекрасната борова шума во непосредна близина на Кралскиот Плоштад. Слободно попладне за одмор и за релаксација во спа центарот на хотелот-затворен внатрешен базен, хидромасажна када, топли клупи, солена соба, парно купатило, финска и био сауна, фитнес центар(бесплатно користење). Во вечерните часови можете да уживате во убавините на овој туристички центар. Првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Втор ден: 22.10.2023 (недела)
Појадок. Во договореното време организирано заминување кон Мокра Гора каде на ридот Меѓавник по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица е изградено етно селото Дрвенград. Самиот Кустурица за Дрвенград ќе рече: „Измислив град кој изгледа како во него отсекогаш да се живеело. А не се живеело никогаш“. Изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“, селото потсетува на вистински град: на самиот влез има голема влезна капија од каде започнува главната улица која се протега се до другиот крај каде се наоѓа мала дрвена православна црква со дрвено ѕвонче посветена на Свети Сава, градена по угледот на руските црквени брвнари. Во централниот дел на селото е плоштадот поплочен со дрвени коцки и опколен со брвнари кои се автентични и пренесени од околните села. Во секоја од нив се содржините карактеристични за секој град: хотел Меќавник, галерија со слики, библиотека, кино сала сместена под земја, слаткарница со домашни колачи и природни сокови, национален ресторан и продавница со народни ракотворби од тој крај… Улиците во селото добиле имиња по познати личности од науката и културата. Така, главната улица го носи името на Иво Андриќ, а покрај неа се улиците Ернесто Че Гевара , Диего Марадона, Миодраг Петровиќ Чкања, а една улица го носи и името на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Стручното жири на бриселската Фондација за архитектура оваа градба ја прогласила за најдоброто архитектонско остварување во изминатите три години во Европа. Дрвенград веќе има статус на град хотел со 4 ѕвезди, , исто како што е Свети Стефан во Црна Гора. Слободно време за разгледување на етно селото и за уживање во вкусните специјалитети во ресторанот и слаткарницата. Враќање во Златибор во попладневните часови. Слободно време за релаксација во спа центарот на хотелот и за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 23.10.2023 (понеделник)
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………199 евра (12.340 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус
– Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Buket“ 4****во Златибор
– Користење на спа центарот во хотелот: затворен внатрешен базен, хидромасажна када, топли клупи, солена соба, парно купатило, финска и био сауна, фитнес центар
– Посета на Сирогојно со вклучена влезница во Музејот на отворено
– Посета на етно селото Дрвенград со вклучена влезница
– Посета на Врњачка Бања
– Локален туристички водич за разглед на Златибор и Сирогојно
– Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
– Туристичка такса – 1.50 евра по лице од ден (се плаќа во агенцијата)
– Доплата за еднокреветна соба – 30 евра (за две ноќевања)
– Патничко осигурување
За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници