Јадран Велигден

Програма на патување:

1 Ден 02.05.2024 (четврток) СКОПЈЕ 

Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните) во 21.30 часот. Поаѓање во 22.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински и гранични формалности.

2 Ден 03.05.2024 (петок) БУДВА – НЕУМ    

Во утринските часови пристигнуваме на Јадранската обала. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско културно наследство. Уживање покрај Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време за ручек или кафе индивидуално. Во договорено време патувањето продолжува кон Неум. Пристигнување и сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

3 Ден 04.05.2024 (сабота) НЕУМ – ДУБРОВНИК 

Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на Дубровник, градот познат како бисерот на Јадранот и еден од најпознатите туристички центри на Хрватска. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Прошетка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби; Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј.. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во градот, време за кафе или ручек индивидуално. Враќање во хотел. Слободно попладне за користење на базените на хотелот, време за одмор и релаксација. Вечера. Ноќевање. 

4 Ден  05.05.2024 (недела)  НЕУМ – ВЕЛИГДЕН 

Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините вклучени во цената. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки во Неум. Вечера. Ноќевање. 

5 Ден 06.05.2024 (понеделник) НЕУМ – ОСТРОГ 

Појадок. Напуштање на хотелот според хотелското правило и заминување кон Острог. Посета на манастирот кој датира од 17-от век, основан од страна на Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Во договорено време со водичот на групата патувањето продолжува кон Македонија. Планирано пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови. 

Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд

Цената на аранжманот вклучува: 

– Автобуски превоз со високотуристички автобус на наведената релација 

– Сместување во Grand Hotel Neum 4*  најголемиот хотел на неумската јадранска ривиера

– Исхрана на база 3 ноќевања со појадок и вечера

– Користење на базени, сауна и теретана 

– Организирани посети и разледи според програмата    

– Организација на аранжманот и туристички пратител на групата од агенција  

Цената на аранжманот не вклучува:

– Задолжително патничко и здравствено осигурување 

– Влезници за културно историските споменици

– Факултативна посета на Дубровник 30€ (доплата на лице место)

– Влезници по културно историски споменици и останати неспоменати трошоци 

Опционални доплати:

– Доплата за еднокреветна соба 80€ 

– Доплата за одбирање ред  на седење 10€ (мин. 2 седишта) 

Напомени: 

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници 

– За патувањето потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек

– За резервација потребна е уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање

– Седиштата во автобус се распределуваат по ред на уплата, доколку имате одредени барања за поинаква распределба во автобусот истата услуга е со доплата. 

– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници. 

– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање. 

– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.

– За овој аранжман важат ОУ на патување .