Шпанија Лето 2024

Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала”, со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар наКоста Брава –  ЛОРЕТ ДЕ МАР+++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.          

 Цени по лице за пакет аранжман во евра.        
      ALEGRIA FENALS MAR  Јуни  Јули Август Септ,
3* Superior 1218112515294
По лице во 1/2 собаНП529559579599559529559
Трето лице во 1/2+1 собаНП479509519539509479509
1во и 2ро дете  2-11,99 г.НП469489509519489469489
      * ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 01.Март.2024  
Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија после 01.03.2024: 60 евра / Деца 40 евра

ALEGRIA SUN VILLAGE 4*  Јуни  Јули Август Септ,
  1218112515294
По лице во 1/2 собаНП549579619629579549/
Трето лице во 1/2+1 собаНП499519559559529489/
1-во дете 2-11,99 г.НП419439449459439419/
      * ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 01.Март.2024  

         Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија после 01.03.2024: 60 евра / Деца 30 евра

ALEGRIA MARINER 4*  Јуни  Јули Август Септ,
  1218112515294
По лице во 1/2 собаНП559589629639589559579
Трето лице во 1/2+1 собаНП509529569569539499529
1-во дете 2-11,99 г.НП429449459469449429439
      * ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 01.Март.2024  
   Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија после 01.03.2024: 60 евра / Деца 30 евра

TENT 2*  Јуни  Јули Август Септ,
  1218112515294
По лице во 1/2 собаНП549599659729729659569
         
VILLA GARBI   3*  Јуни  Јули Август Септ,
  1218112515294
По лице во 1/2 собаНП519569679689689499499
Трето лице во 1/2+1 собаНП489539639649649479479
1-во дете 5-11,99 г.НП399429489489489399399
    Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија: 60 евра / Деца 40 евра

DON JUAN RESORT  4*  Јуни  Јули Август Септ,
  1218112515294
По лице во 1/2 собаНП529539619709709539519
Трето лице во 1/2+1 собаНП499509579669669509489
1во и 2ро дете  2-11,99 г.НП399409449499499419399
 Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија: 70 евра / Деца 35 евра

Доплата за Фамилијарна соба во Шпанија (2+2): 140 евра вкупно. RQ

ALEGRIA PLAZA PARIS 4*  Јуни  Јули  Август Септ,
  1218112515294
По лице во 1/2 собаНП569659709719619569569
Трето лице во 1/2+1 собаНП489549589589529489489
1во и 2ро дете  2-11,99 г.НП429479499509459429429
Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија: 70 евра / Деца 35 евра

Доплата за Фамилијарна соба во Шпанија (2+2): 125 евра вкупно. RQ

MARIA DEL MAR  4*  Јуни  Јули  Август Септ,
  1218112515294
По лице во 1/2 собаНП559599719779699639639
Трето лице во 1/2+1 собаНП519559659699639589589
1 во  дете  2-11,99 г.НП399409439449429399399
2 ро дете  2-11,99 г.НП429459519549499449449
 Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија : 50 евра / Деца 25 евра

Доплата за 6 Полни пансиони во Шпанија : 80 евра / Деца 40 евра

GHT MIRATGE  4* Sup.  Јуни  Јули Август Септ,
  1218112515294
По лице во 1/2 собаНП629639749779829739599
Трето лице во 1/2+1 собаНП559569659679719649539
Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија: 70 евра 

Напомена: Хотелот прима гости постари од 18 год.

METROPOL   4* sup.  Јуни  Јули Август Септ,
  1218112515294
По лице во 1/2 собаНП589649739849849719649
Трето лице во 1/2+1 собаНП509559679769769659559
1-во дете 2-11,99 г.НП439469629709709609469
Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија : 75 евра – важи за сите.

ПРОГРАМА:

ден  СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА:

Состанок на групата во 12.00ч.  Поаѓање во 12.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.

ден  ВЕНЕЦИЈА – ВЕНЕТО Регија:

Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат легендарните гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки.

Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

3ден  ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР:

Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој (9часа) и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.

4– 10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне. Престој на база 6 ноќевања со појадок, 6 полу пансиони, по ваш избор.

За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, BARCELONA BY NIGHT & DISCO OPIUM, AQUARIUM, NOU CAMP, FIGUERAS – MUSEUM DALI,EMPURIA BRAVA – Шпанска Венеција, FLAMENCO SHOW, дискотеки во Љорет де Мар…

10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани во вечерните часови kako и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење. 

11 ден   АЗУРЕН БРЕГ: Кан – Ница

 Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан.

Кан,  – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по  својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета.

Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница.

Ница,  – Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како  ‘Belle Epoque”.

Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”,  плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки.

Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање.

12ден АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ – МОНАКО:

Појадок.Го напуштаме хотелот. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег. Поминуваме покрај средновековниот град Ез и ја посетуваме најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени.

Продолжуваме кон Монако. Целодневен (9 часа) престој во гламурозната Кнежевина Монако. Почнуваме со прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички…  Пешачиме кон Монте Карло покрај пристаништето со луксузни јахти, патеката каде се вози Формула1.

Слободно време за индивидуални прошетки и посети. Во попладневните часови се упатуваме кон центарот на  МОНТЕ КАРЛО  за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина. 

МОНАКО – СКОПЈЕ: Во вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.   

13. ДЕН. СКОПЈЕ:  Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цената  на аранжманоt вклучува:                                                                                                          

• Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео.

  • 6 Ноќевања со појадок/полупансион/, според табелата во одбран хотелво Лорет де Мар.  
  • 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (помеѓу Фрежу – Ница).  
  • 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето.
  • Целодневна посета на Верона.

• Сместување и услуги во дво/трокреветни соби, според табелата.

• Организација и професионален туристички придружник на патувањето.

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

• Задолжително патничко осигурување: 520 денари ( се плаќа во агенција).

• Туристичка такса за хотели  на Азурниот брег и Италија: 7 (задолжително, се плаќа во агенција).

• Туристичка такса за хотели  Шпанија: 1 €/ден хотел со 3* / 1,50 €/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место на рецепција при сместување).

• Девизен дел, сервис на локалната Шпанска агенција: 25  по лице.

  • Задолжителен пакет излети Азурниот брег: Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло : 40 €  по лице.

• Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот, (задолжителна резервација и плаќање во агенција).

• Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.

  • Девизниот дел, задолжителниот пакет излети АЗУРЕН БРЕГизбор на факултативни излети, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија. Веќе пријавен излет, нема можност за откажување.

 ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА СОБИ ПО ХОТЕЛИ И МЕСТА ВО СЕКОЈА СМЕНА !

 НАПОМЕНИ:

  • Редовната цена на аранжманот после 01 Март, е според табелата, на база ноќевање со појадок.
  • Задолжителен депозит при пријавување: 10.000 денари.
  • Останатиот износ се плаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.
  • Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1 (евро) = 62 денари.
  • За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица.
  • Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
  • НП – Ноќевање со појадок, ПП – Полупансион – (појадок + вечера), П – Полн пансион (Појадок + ручек + вечера)
  • Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
  • Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
  • Цената на аранжманот може да се измени во случај на промена на цената на горивото, и останати фактори кои влијаат на формирање на цената. Сите уплати до тој момент важат според старата цена.
  • Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Со доплата од 20 евра по лице, може да се одбере број на седиште во автобус. Нема можност за доплата за празно седиште.
  • Задолжително, 48 часа пред поаѓање, проверете ја сатницата и местото на поаѓање.