емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ТОСКАНА 03.10.25

Фиренца – Сиена – Сан Џимињано – Пиза – Болоња
✈ авионски превоз
Авион / 4 дена / 3 ноќевања







03.10 (петок) СКОПЈЕ – БОЛОЊА – ФИРЕНЦА
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 17.30 часот. Авионот за Болоња на Визер полетува во 19.35 часот. Слетување во Болоња во 21.25 часот. Трансфер до Фиренца и сместување во хотел. Ноќевање.
04.10 (сабота) ФИРЕНЦА – ПИЗА
Појадок. Разглед на градот со водич: плоштадот Санта Марија Новела, Базиликата Сан Лоренцо, дворецот Медичи-Рикарди, Катедралата Дуомо – вистинско ремек дело на ренесансната архитектура и главна туристичка атракција на Тоскана, Плоштадот Сињорија, палатата Пити, Понте Векио најстариот сочуван средновековен мост на реката Арно-покриен и распослан со златарници и продавници за сувенири… Слободно време за посета на Галеријата Уфици, една од најголемите и најстарите во светот, која содржи голем број бесценети ликовни дела од ренесансата и други периоди, посета на трговскиот центар Mercato Centrale или пак да седнете на ручек во ресторан на некој плоштад, да пробате традиционален Фирентонски стек и да се засладите со десертно вино во кое ќе натопувате cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми.
Факултативен излет до Пиза, дом на познатиот математичар и физичар Галилео Галилеј. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри – всушност камбанаријата на катедралата, која иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, се накривила. Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно. Ноќевање.
05.10 (недела) ФИРЕНЦА–СИЕНА-САН ЏИМИЊАНО– ВИНАРИЈА
Појадок. Целодневен излет во живописните предели на областа Кјанти, светски познати по производството на врвни вина. Пристигнување во Сиена. Главна карактеристика на градот е нејзиниот средновековен изглед, што ја прави магична и посебна, горд сопственик на еден од најубавите европски средновековни плоштади Ил Кампо, направен во облик на школка, а опкружен со палати на богати семејства од Сиена (palazzi signorili). Во целиот свет познат по својата уникатна архитектура и традиција за најголемата забава со луди коњски трки Палио, која се одржува два пати годишно. Разглед на градот: Катедралата Сиена, Палатата Публико, кулата Мангија… Патувањето продолжува кон Сан Џимињано, типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. Градот е познат и по белото вино Vernaccia di San Gimignano, кое се добива само од винови лози кои растат во околината и најдобриот сладолед во светот што можете да го најдете во Gelateria Dondoli. Потоа, посета на винарија – дегустација на вина, закуски и можност да се купи маслиново масло и вино по пристапна цена. Враќање во Фиренца. Ноќевање.
06.10 (понеделник) ФИРЕНЦА –БОЛОЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот кој за италијаните, но и за целиот западен свет има огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Овој град се смета и за колевка на ренесансата, во него живееле и создавале многу уметници од XV и XVI век: Брунолески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело…
Трансфер до Болоња. Во Италија се вели дека Болоња е „la dotta, la rossa e la grassa“, што би значело „црвена, учена и дебела“. “Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи. Прошетка во градот: плоштадот Маџоре, Катедралата Св. Петар најпознатата и најграндиозна црква во Болоња, фонтаната на Нептун, двете кули Garisenda и Asinelli кои претставуваат симбол на градот…
Трансфер до аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е во 21.50 часот. Пристигнување во 23.35 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Arcadia GuestHouse 639 € / 39.620 мкд Хотел Arcadia 3* 669 € / 41.480 мкд
ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА ДО 25.06:
Arcadia GuestHouse 589 € / 36.520 мкд Хотел Arcadia 3* 619 € / 38.380 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје
-Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
-Сместување во хотел Arcadia 3* и Arcadia GuestHouse во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок.
Хотелските соби и GuestHouse собите се во истиот објект но на различен кат и го користат истиот ресторан за појадок. GuestHouse собите се поедноставно опремени. www.hotelarcadiaflorence.com
-Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
-Посета на Болоња
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг
*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)
-Посета на Сиена, Сан Џимињано, винарија “Fattoria Poggio Alloro” (дегустација на 5 сортни вина, закуска од пршути, сирења, маслинки, брускети…) 95 евра
-Разглед на Фиренца со локален водич 20 евра
-Посета на Пиза 45 евра
-Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)
-Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
-Патничко – здравствено осигурување
-Доплата за еднокреветна соба 6.500 мкд (GuestHouse)


