САНКТ ПЕТЕРСБУРГ & МОСКВА ВО ОКТОМВРИ

САНКТ ПЕТЕРСБУРГ & МОСКВА03.10.2025 – 10.10.2025 | 7 ноќи – 8 дена | лет од Скопје

Авионска програма ✈

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1 ден: 03.10.2025 СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ – САНКТ ПЕТЕРСБУРГ

Состанок на групата два часа пред поаѓање на аеродромот ТАВ Скопје ,во 06.45 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines заИстанбул во 08.45 часот (TK1004). Пристигнувањето на аеродромот во Истанбул во 11:20 часот. Лет за Sankt Petersburg во 20:25(TK403). Пристигнување во 00:05 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден: 04.10.2025 САНКТ ПЕТЕРСБУРГ

Појадок. Панорамско разгледување на градот: Невски Проспект, Казанскиот Парламент, Кралскиот плоштад, Адмиралитетот,Васиљевско острово, Ермитаж, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник … (без да се влезе во објектите). Факултативенразглед на Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, Петтропавловската Црква, каде се погребани сите рускиимператори (почнувајќи од Петар I), Историскиот музеј на Санкт Петербург, како и прочуените зандани. Ноќевање.

3 ден: 05.10.2025 САНКТ ПЕТЕРСБУРГ

Појадок. Факултативна програма: Ермитаж, разглед на еден од најголемите музеи во светот, во зградата на Зимскиот дворец, сонад 3 милиони експонати, со ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Пикасо. Слободно време. Факултативенизлет – Крстрење по реката Нева, со специјални бродови, прилагодени за минување низ каналите и ниските мостови, поради коиовој град го доби името Северна Венеција. Поглед кон знаменитостите на градот и неговата архитектура од легендарната река Нева,кое преставува големо доживување и ќе остане засекогаш врежано во вашите сеќавања. Ноќевање.

4 ден: 06.10.2025 САНКТ ПЕТЕРСБУРГ

Појадок. Факултативна програма: Екскурзија до Петерхоф – Рускиот Версај, царската летна резиденција на Петар Велики. Разгледна Горниот и Долниот Парк и познатата фонтана со 250 позлатени скулптури. Разгледот вклучува прошетка по парковите, сопрекрасен поглед кон Заливот на Финска, Санкт Петербург и Кронштат. Факултативна програма до Пушкин – Царското Село – летнатарезиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2.Ентериерот на замокот фасцинира со сјајотна уметнички предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300-годишнинатаод основањето на Санкт Петербург заврши реконструкцијата на познатата Килибарска сала, која го врати некогашниот сјај надворецот на Екатерина. Слободно време. Ноќевање.


5 ден: 07.10.2025 САНКТ ПЕТЕРСБУРГ – МОСКВА
Појадок. Трансфер до железничка станица. Патување за Москва околу 09.00 часот со современ воз Сапсан. Патувањето трае 3 часа и 50 минути. Панорамско разгледување на градот со автобус: центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот “Ломоносов”, Паркот на победата и други. (без влегување во објектите). Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Посета на Московското метро во вечерните часови, од најубавите метро станици, 44 имаат статус на културно наследство. Наликуваат на музеи (мозаици, скулптури, мермерни столбови и портрети на националните херои) (факултативно). Ноќевање.


6 ден: 08.10.2025 МОСКВА
Појадок. Факултативна програма: Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, Цар-ѕвоното и Цар-топот, како и
Палатата на Оружјето – ризницата на царска Русија. Огромните историски и уметнички богатства на Московскиот Кремљ се собрани
во една збирка, од која настанал Музејот Палатата на Оружјето, кој е под заштита на УНЕСКО. Факултативна екскурзија кон Музеот
Бородинската битка – посветен на војната Наполеон во 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамаата,кое преставува
огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на
Бородинското поле. Ноќевање.
7 ден: 09.10.2025 МОСКВА
Појадок. Факултативна програма: Сергиев пасад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св. Сергеј. Попладне слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерен разглед на Москва по река-пловење со ексклузивниот брод -ресторан Radisson(факултативно). Ноќевање.


8 ден: 10.10.2025 МОСКВА – ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време.Трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со авио компанијата Turkish Airlines во 12:30 часот (TK414). Слетување во Истанбул во 16.35 часот. Лет за Скопје во 18:55 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:30 часот.


СТ ПЕТЕРСБУРГ & МОСКВА
Октомври 2025
HOTEL DELTA 4* / HOTEL COSMOS PULKOVSKAYA 4*
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 03.10.2025 – 10.10.2025
УСЛУГИ Ноќевање со појадок
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 7 Ноќи / 8 Дена
Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 1.290 € / 79.980 мкд
EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 30.06.2025 1.150 € / 71.300 мкд
Доплата за еднокреветна соба 160 € / 9.920 мкд
Попуст за дете од 02-11,99 години -100 € / 6.200 мкд
Попуст за трето возрасно лице во соба не следува. Лежај за 3то лице може да е со помали димензии од стандардните.