емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Истанбул за 11-ти Октомври

Датум на патување
22.10.2026 – 26.10.2026
119 евра (7,380 ден.)139 евра (8,620 ден.)* ПРАЗНИЧЕН ТЕРМИН / ПРАЗНИК 23 ОКТОМВРИ
Хотел 3* во Истанбул (областа Лалели или Аксарај)
2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Истанбул, сместен во популарната туристичка и трговска зона Лалели или Аксарај.
1 ден: 22.10.2026 (Четврток) — МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈАПоаѓање во пладневните часови од градовите: Куманово,Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија (граница). Се патува преку Грција со попатни паузи.
2 ден: 23.10.2026 (Петок) — ИСТАНБУЛ (ЕВОПСКИ ДЕЛ, БАЛАТ, ПАТРИЈАРШИЈА, КАПАЛИ ЧАРШИЈА)Пристигнување во Истанбул.
Со локален водич го започнуваме со задолжителниот разглед на Европскиот дел на Истанбул. Најпрво панорамски разглед на областите Аксерај и Лалели, Универзитетот Бејазит под Римскиот аквадукт, Џамијата Сулејмание, покрај Египетскиот пазар, Галата мостот итн. Разгледот продолжува покрај заливот ”Златниот Рог” кој е долг 7 км и го дели европскиот дел на два дела.
Потоа се упатуваме кон христијанската населба Балат која е позната по многуте шарени куќи обоени во различни бои, кои и даваат посебен сјај на оваа населба, исто така овде се наоѓа и Вселенската Патријаршија, старата Грчка гимназија и Железната црквa која е градена од македонски мајстори и овде е закопан Партеније Зографски.
Вселенската Патријаршија која е највисоката духовна власт на Православната црква во светот. Основана уште во 4 век, Патријаршијата е седиште на Вселенскиот патријарх – духовниот лидер на над 300 милиони православни христијани. Во нејзиниот комплекс се наоѓа црквата „Св. Георгиј“, каде се чуваат свети мошти и древни икони.
По завршување со разгледот се упатуваме кон хотелот каде сместувањето е попладне. По добивање на собите во договореното време групата има можност за пешачка тура со локален водич до Капали чаршија а потоа се продолжува и до Хиподромот каде се наоѓаат Аја Софија, Сината џамија, Топкапи и многу други културно историски споменици. По завршување на пешачкиот разглед со локалниот водич каде се остава групата за слободни активност и индивидуален разглед.
Хиподромот (во вид на потковица, кој некогаш служел за коњски трки) а денес е познат како плоштадот Султан Ахмет каде се наоѓа исто имената Џамија денес позната како Сината Џамија.
Сината Џамија можност за индивидуална посета (чија каректеристика е тоа што е единствената џамија со 6 минариња на сино-зелените кристали и мермерни камчиња по кои што го добила и името Сината).
Аја Софија со можност за индивидуална посета (најпрво изградена како црква на Светата мудрост градена во време на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија за покасно да биде прогласена за музеј и била една од најпосетуваните атракции во Истанбул, но претседателот Ердоган повторно ја претвора во џамија). Ноќевање.
3 ден: 24.10.2026 (Сабота) — КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР, АЗИСКИ ИСТАНБУЛ, ЧАМЛИЏА & КАДИЌОЈПојадок. После појадокот се упатуваме на факултативата – Крстарење по Босфорот + Азиски дел на Истанбул.
Крстарење по Босфорот (прекрасно крстарење покрај европскиот и азискиот брег на Босфор каде се наоѓаат палатата Долма Бахче, џамијата Ортакој, куќите на познати турски глумци, политичари и бизнисмени, многу од нив ќе ги препознаете од турските ТВ серии…)
Бејлербеи или некои уште ја опишуваат како минијатурна Долмабахче служела како летна резиденција на султанот исто така тука се одржувале многу забави за гостите, посебно во летниот период. Истотака место на многу рибни ресторани и место каде се снимени голем број од турските филмови.
Џамијата Чамлиџа – Симболот на современ Истанбул. Највисоката точка на градот – со поглед што одзема здив! Најголемата џамија во Турција – собира до 63.000 верници. Комбинација од османлиска традиција и модерен стил. Проектирана од турска архитектка Мерием Уста. Во комплексот има музеј, библиотека, изложби и огромен паркинг. Од нејзините дворови се гледа целиот Истанбул – од Златниот Рог до Принцевските острови! Чамлиџа Џамијата– место каде верата и уметноста се среќаваат над облаците.
Кадиќој е прекрасна облас во азискиот дел на Истанбул на анадолската страна кое е посебно омилено на локалното население затоа што тука може да вкусите прекрасна храна најдобрата пица во Истанбул. Областа изобилува со мали кафиќи, продавници раздвижен дел на Истанбул каде се наоѓаат големи станбени објекти посебно популарна е да се посети улицата Bahriye.
Враќање кон хотелот. Слободни активности.
Ноќно крстарење на Босфорот- факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот од каде се гледа прекрасната палата Долма Бахче и Џамијата Ортакуј, придружено со традиционални турски танци, неограничени безалкохолни пијалоци и 2 чаши алкохол, три вида мени по избор. Враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ден: 25.10.2026 (Недела) — ТАКСИМ, ИСТИКЛАЛ, ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ФОРУМ & ПОАЃАЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈАПосле појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Таксим – плоштадот до кој се пристигнува поминувајќи покрај Галата Кула и познатата улица Истиклал која изобилува со многубројни бутици, ресторани, кафетерии и по која се движи познатиот црвен трамвај кон плоштадот Таксим, слободно време за индивидуални активности.
Во договореното време групата се упатува кон шопинг центарот ”ФОРУМ” во чија близина се наоѓа и Декатлон. Слободно време за шопинг и ручек.
Попладнето поаѓање за Македонија ноќно возење со попатни паузи.
5 ден: 26.10.2026 (Понеделник) — ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈАПристигнување во Македонија во утринските часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на наведената релација со високо туристички автобус
- 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Истанбул (областа Лалели или Аксарај)
- Вклучен пешачки разглед со локален водич до Капали чаршија и Хиподромот каде што се Аја Софија, Сината Џамија …
- Посета на шопинг центар ФОРУМ
- Професионален туристички придружник
- Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ – ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ – 25 евра (Панорамски разглед на Европски дел со локален водич, Балат и Вселенска Патријаршија прв ден, Плоштад Таксим трет ден)
- КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР и АЗИСКИ ИСТАНБУЛ – 60 евра (со локален водич: Крстарење по Босфор, Панорамски разглед на Азиски дел, Бејлербеи, Џамијата Чамлиџа, Кадиќој)
- Ноќно крстарење на Босфорот – 50€ (3-часовно крстарење со традиционални турски танци, три вида мени по избор, неограничени безалкохолни пијалоци и 2 чаши алкохолен пијалок)
- Туристичка такса за целиот престој: 5 евра по лице (задолжително, се плаќа во агенцијата)
- Здравствено патничко осигурување (задолжително)
- Доплата за еднокреветна соба: 3.000 денари
- Доплата за дополнително седиште: 100 евра
- Доплата за избор на седиште во двата правци: 15 евра
Пакети & Факултативни излети
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ – ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ
25 EUR
Вклучува панорамски разглед на Европскиот дел со локален водич, посета на Балат, Вселенската Патријаршија (прв ден) и плоштадот Таксим (трет ден).
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР & АЗИСКИ ИСТАНБУЛ
60 EUR
Вклучува крстарење по Босфор со локален водич, панорамски разглед на Азискиот дел, Бејлербеи, посета на величествената џамија Чамлиџа и областа Кадиќој.
НОЌНО КРСТАРЕЊЕ НА БОСФОРОТ
50 EUR
3-часовно вечерно крстарење со фолклорна програма и традиционални танци, три вида мени по избор, неограничени безалкохолни и 2 чаши алкохолен пијалок.
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување .









