емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ПРОДОЛЖЕН ПРАЗНИЧЕН ВИКЕНД ВО СОМБОР

АПАТИН-САЛАШ СО ТАМБУРАШИ-НОВИ САД
(28.03.2025 – 31.03.2025)
Време е за уживање во градот со раскошно зеленило и со романтични фијакери… За питома рамнина и вистинска идила…
Време е за тамбураши!
Прв ден: 28.03.2025 (петок)
22:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Војводина со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Втор ден: 29.03.2025 (сабота)
Пристигнување во Сомбор во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на овој преубав мал град со фасцинантна архитектура кој лежи на некогашното Панонско Море, градот на фијакерите и зеленилото. Сомбор има дрвореди во должина од 121 километар и четири преубаво уредени паркови… Ќе прошетаме низ Плоштадот на Цар Урош каде се наоѓа зградата на Општината, Паркот на Хероите, Црквата Свети Стефан, потоа Плоштадите Свети Ѓорѓе, Свето Тројство, Плоштадот на уметноста и Плоштадот на Републиката или како уште го нарекуваат Плоштадот на фијакеристите. Ќе ги слушнеме приказните за зеленилото и архитектурата со кои се гордеат жителите на овој град кој е опеан дури во 26 песни; ќе го видиме Сончевиот саат-единствен на територијата на цела Војводина кој привлекува внимание со прикажаната симболика во вид на Архангел Гаврил и петел како предвесник на новото утро, ќе се восхитуваме на старите Сомборски знаменитости… Потоа сместување на групата во хотелот „ Andric“ (https://hotelandric.co.rs/) сместен во срцето на градот во централното градско подрачје. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Трет ден: 30.03.2025 (недела)
Појадок. Заминуваме со локален туристички водич на организиран разглед на Апатин, градот сместен на левиот брег на реката Дунав покрај самата граница со Хрватска. Апатин е град во кој низ историјата живееле народи со различна вероисповест што оставило белег на верските објекти, па така во градот може да се видат неколку православни цркви, римокатоличка црква и синагога. И покрај тоа што првата асоцијација за овој град е Апатинската пивара, сепак преовладуваат архитектонски објекти кои го привлекуваат вниманието на туристите. Тука е Градската куќа изградена во почетокот на 20. Век со елементи на унгарската сецесија, Црквата на Вознесението на Марија во која се чува статуа на Црна Богородица од 18. Век, единствена во цела Србија, а во портата се наоѓа трново дрво донесено во 1795-та година од Ерусалим. Пешачката зона завршува со Градскиот Парк во кој е сместена пиварата основана 1756 година како „царска пивара“ . Од другата страна на Градскиот Парк се наоѓа пространиот Плоштад на слободувањето кој го краси фонтана, споменик посветен на Никола Тесла и еден од наголемите мурали во Србија отсликан на станбена зграда. По организираниот разглед на градот, ќе прошетаме низ шеталиштето покрај Дунав кое претставува вистинска оаза покрај брегот на реката. Слободно време за кафе пауза и индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме назад во Сомбор. Во вечерните часови заминуваме во традиционален салаш „Наш салаш“ на вечера и забава со тамбурашка музика во живо. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 31.03.2025 (понеделник)
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Нови Сад. Организиран разглед со локален туристички водич на градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав: Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква, зградата Железен човек, Змај-Јовината улица, Соборната црква, Дунавската улица, Дунавскиот парк… По организираниот разглед, слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време заминуваме кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………229 евра (14.200 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Две ноќевања со појадок во хотел „Andric“3*** во Сомбор
– Локален туристички водич во во Сомбор, Апатин и Нови Сад
– Вечера со музика (тамбураши) во салаш „Наш салаш“ во Сомбор
– Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
– Доплата за еднокреветна соба – 55 евра (за двете вечери)
– За сместување во четирикреветен апартман се намалува 10 евра по лице
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 30 патници






