Златибор 8ми Март

Програма на патување: 

06.03.2025 (Четврток)

Поаѓање на групата во 21:30 од Кавадарци и 23:00 часот од Скопје кон  Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

07.03.2025 (Петок)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери по кои Сирогојно е познато во светот. Во пладневните часови сместување во Клуб Сателит Хотел, кој се наоѓа на одлична локација на само неколку минути од центарот на Златибор. Ручек. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор или користење на спа центарот на хотелот ( внатрешен базен со солена вода,сауна,арома туш…). Вечера.  Ноќевање.

08.03.2025 (Сабота)

Појадок. Факултативно заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Потоа посета на изворот “Бела Водa” и познатата железница “Шарганска Осмица”. Во пладневните часови враќање во Златибор. Можност за возење со Голд Гондола. Ручек. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор или користење на спа центарот на хотелот ( внатрешен базен со солена вода,сауна,арома туш…). Вечерта, организирана осмомартовска забава во ресторанот на хотелот со свечена вечера и музика во живо. Ноќевање.

09.03.2025 (Недела)

Појадок.  Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Прошетка по познатата Променада и слободно време за индивидуални активности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 Редовна Цена – 209 евра( 12.958 денари)

Цената на аранжманот вклучува:

• Превоз со високо туристички автобус на наведената релација 

• 2 ноќевања со појадок,ручек  и вечера во Хотел Клуб Сателит

• Посета на етно село Сирогојно со локален туристички водич

• Неограничено користење на спа центарот на хотелот (внатрешен топол  базен со солена вода,сауна,арома туш)

• Свечена вечера со музика во живо на 8-ми март

• Посета на Врњачка Бања

• Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

• Посета на Дрвенград, Бела Вода и Шарганска осмица со вклучена влезница и локален водич – 15 евра

• Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)

• Туристичка такса  250 денари по лице (се плаќа во агенција)

Попусти и опционални доплати:

– Трет возрасен во соба плаќа полна сума на аранжманот (на барање) 

– Доплата за еднокреветна соба 140€/8.680ден (на барање) 

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)

– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.

Важни напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта. 

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.