емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Венеција 8 Март

И овој 8ми Март, Ваикики Ве води на прекрасно патување низ Венеција, Падова и Фиренца. Ве покануваме да ни се придружите заедно да го прославиме Денот на жената на ова патување кое нема да Ве остави рамнодушни, и ќе Ве збогати со нови искуства, доживувања и незаборавни авантури.
Програма на патување:
1.Ден 06.03.2025 (четврток) СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
2.Ден 07.03.2025 (петок) ПАДОВА
Пристигнување во претпладневните часови во Италија. Првиот град кој ќе го посетиме во програмата е неодоливата Падова. Град кој ќе сакате повторно да се вратите, а секако ќе имаме околу 3 часа токму во најубавиот централен дел на Падова. Ќе имате прилика да прошетате на плоштадот Pratto della Valle, ќе ја видите саат кулата на Piazza dei Signori, познатата катедрала на Падова, Регионалната палата, ботаничката градина. Бидејќи самиот град е спој на минатото и сегашноста, во непосредна близина на центарот има и шопинг центар кој може да го посетите. Во договореното време, се упатуваме во хотел во близина на Падова. Сместување и слободна вечер за одмор од патувањето. Ноќевање.
3.Ден 08.03.2025 (сабота) ФИРЕНЦА
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: Понте Векио, Палацо Векио, Галерија дељи Уфици, Плоштадот Сињори, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време со водичот враќање во хотел. Ноќевање.
4. Ден 09.03.2025 (недела) ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Венеција. Пловидба со брод вапорето кон Венеција. Пристигнување на портот на Венеција и заминување на пешачки разглед каде ќе имате можност одблизу да ги видите:
– Мостот на Воздишките
– Дуждевата Палата (Влез со доплата)
– Црквата Св. Марко (Влез со доплата)
– Плоштадот
– Мостот Риалто
– Каналот Гранде
Кога ќе пристигнеме до каналот Гранде кај мостот Риалто, разгледот завршува. По разгледот оставаме слободно време од околу 4 часа за индивидуални прошетки и разгледи, ручек, релаксација и уживање во прекрасната Венеција. Во договорено време и место се сретнуваме со пратителот на групата и повторно со брод се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
4. Ден 10.03.2025 (понеделник) СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата по граници.
ПРОМО цена за резервации до 31.01.2025 – 139€/8.618ден
***со пријава на пакет екскурзии 85€
Редовна цена на аранжманот 169€/10.478ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел 3* во Падова (околина) на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани посети според програмата
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.
– Бесплатен трансфер од Велес, Штип, Неготино и Кавадарци.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Патничко и здравствено осигурување
– Задолжителна посета и разглед на Венеција – 30€ (доплата на лице место)
– Факултативна посета на Фиренца – 55€ (мин. 30 пријавени доплата на лице место)
– Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (5€ по лице за престој доплата на лице место)
– Индивидуални трошоци (влезници за музеи..)
Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден,
– Трето лице плаќа полна сума на аранжманот,
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 20€/1240мкд (мин. 2 седишта),
– Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.
Важни напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.






