ОСМИ МАРТ ВО КАВАЛА

(07.03.2025 – 09.03.2025)
Вклучена забава во ресторан со музика во живо и вечера

Прв ден: 07.03.2025 година (петок)

04:00 часот заминување на групата од Скопје и во 05:30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција . Во претпладневните часови пристигнување во Солун. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во договореното време заминуваме кон Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување на групата во хотел „Oceanis“ 4**** (https://www.oceaniskavala.gr/) лоциран во центарот на градот. Слободно време за одмор и за индивидуални активности. Ноќевање.

Втор ден: 08.03.2024 година (сабота)

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот и за шопинг во изобилството продавници. Кавала е градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик – стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Во вечерните часови организирано заминување на осмомартовска забава во таверна во градот Драма со вклучена вечера и музика во живо. Враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање. 

Трети ден: 09.03.2024 година (недела)

Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 **** во Кавала

– Организирана прослава на празникот во таверна во Драма (вечера со музика во живо)

– Организиран излет до Порто Лагос и Ксанти

– Лиценциран туристички водич за разгледите вклучени во програмата

– Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Доплата за еднокреветна соба – 34 евра (за двете ноќевања)

– Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по лице од вечер

– Пијалок за време на вечерата во таверна

– Патничко осигурување

За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници