Н И Ц А

МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – КАН
07.03.2025 – 10.03.2025 | 3 ноќевања / 4 дена
Авионска програма со лет од/до Тирана ✈

Авионски лет: Wizz Air ( Тирана – Ница – Тирана) / превoз од/до Тирана
Поаѓање: 07.03.2025 во 18:30ч. (Тирана)
Пристигнување: 07.03.2025 во 20:40ч. (Ница)
Услуга/Сместување 3 ноќевања со појадок – 3 B&B / хотел 4* во центарот на Ница
Друго вклучено: Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија
Пристигнување: 10.03.2025 во 23:10ч. (Тирана)
Враќање во Скопје: 11.03.2025 во рани утрински часови

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја
пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот…
Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски
центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во
заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте
Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера
на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…


07.03.2025 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ТИРАНА – НИЦА
Состанок на групата на Дрводекор согласно претходно договорено време (околу 10:00 часот) и поаѓање кон
Тирана во 10:15 часот. Пристигнување на аеродромот во Тирана два часа пред лет. Лет кон Ница во 18:30
часот и слетување во 20:40 часот. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.
08.03.2025 (САБОТА) НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – НИЦА
Пoјадoк. Слoбoден ден за индивидуални активнoсти и прoшетки или предлагаме факултативна пoсета
сo железница на Мoнакo – втoрата најмала независна држава пoсле Ватикан, кoј се наoѓа на брегот на
Средоземното Море со вкупна површина од само 2 квадратни километри и претставува уставна монархија и
кнежевство. Монако е името на државата и на единствениот град во државата. Бидете дел од оваа луксузна
бајка,прошетајте низ самата патека каде што се одржува најпознатата трка Формула 1 за Гран При. Можност
да ја видете Палатата на принцот на Монако и официјалната резиденција на монархот, Музејот Наполеон,
Катедралата на Монако, казиното.. Посета на Монте Карло – омиленото место на многу славни ликови.
Претставува административна област на Кнежевството Монако. Овој град е домаќин на најголемото европско
финале во покер, бројни боксерки мечеви и многубројни модни гламурозни случувања. Можност за
индивидуална посета на океанографскиот институт, кралската палата, градското собрание и стариот град. А за
оние што сакаат возбудливост, адреналин и ризик – можност барем еднаш да влезете во најпознатото казино
во светот – Казиното Монте Карло. Слободно време за индивидуални активности прошетки и шопинг.
Враќање со железница во договореното време во хотелот . Ноќевање.

09.03.2025 (НЕДЕЛА) НИЦА – АНТИБ – КАН – НИЦА
Појадок. Факултативна посета со железница на Антиб и Кан. Антиб – прошетка низ градот кој претставува
бисер на Медитеранот и едно од најстарите утврдувања на Азурната обала.Во градот доминира
тврдината Fort Kare во чие подножје се наоѓа познатата ексклузивна марина. Овде се наоѓа и музеј со една од
најдобрите колекции на Пабло Пикасо. Продолжуваме кон Кан – прекрасна прошетка по кроасетата со
хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот,
тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во
хотел. Ноќевање.
10.03.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) НИЦА – ТИРАНА
Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич: стариот град, најатрактивниот пазар на цвеќињата,
најголемиот плоштад во Масена и шеталиштето Променаде Де-Англ (прочуеното Англиско шеталиште, долго
5 км, место на кое Ница му должи за својата слава и популарност. Најпознатата градба на шеталиштето
е Гранд Хотел Негреско 5* изграден во 1912 година. Разглед на Плоштадот Масена (од каде започнуваат сите
големи булевари, кој многу потсетува на северноиталијанските градови и каде се одржува
карневал), Градската куќа (Hotel de Ville)… Слободно време. Трансфер од хотел до аеродромот во Ница. Лет за
Тирана вп 21:15 часот. Слетување во Тирана во 23:10 часот.
11.03.2025 (ВТОРНИК) ТИРАНА – СКОПЈЕ
По завршување на пасошка и царинска контрола организиран трансфер до Скпоје. Очекувано пристигнување е
во раните утрински часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Трансфер од Скпоје до аеродром во Тирана и назад,
  • Авионски превоз на релација Тирана – Ница – Тирана со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж со димензии (40cm x 30cm x 20 cm) макс.8 кг
  • Трансфер од аеродром Ница до хотел во Ница и обратно;
  • Сместување во хотел 4*на база 3 ноќевања со појадок во центарот на Ница;
  • Организиран разглед во Ница со локален водич,
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко здравствено осигурување.
  • Дополнителни оброци и пијалоци.
  • Туристичка такса во Ница – 3 евра од ноќ по лице (се плаќа во хотел на рецепција).
  • Доплата за багаж (цените се променливи, информации во агенција):
  • Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.)
  • Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.)
  • WIZZ Priority + 1 small bag
     Влезници за локалитети ( пр. казиното Монте Карло)
     Факултативни посети, излети и влезници за локалитети ( пр. Влез во казиното Монте Карло)
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
  • Факултативна посета на Антиб и Кан – 75€ (локален водич на англиски јазик и карти за воз)
  • Факултативна посета на Монако и Монте Карло – 85€ (локален водич на англиски јазик и карти за воз)