емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА И МЕТЕОРИ

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања со појадок
10 април (петок) СКОПЈЕ – СОЛУН – ПАРАЛИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 06:30 часот наутро. Поаѓање за Грција во 07:00ч. кон граничниот премин Богородица – Евзони. Попатна посета на Солун. Разглед на градот; Виа Игнатиа, црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7-ми век, Римскиот форум, црквите Ротонда, Св.Софија, плоштадот Аристотелис, Белата кула… можност за посета на Археолошкиот музеј во кој се изложени значајни ископини пронајдени на македонските – антички локалитети. Попладне, патувањето продолжува кон Паралија. Сметување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.
11 април (сабота) ДИОН – ОЛИМП – ЛИТОХОРО
Појадок. Заминување на прошетка низ регионот Пиерија. Посета на археолошки локалитет Дион со бројните ископини и остатоци од трите цивилизаци, посета на планинското градче Литохоро сместено во подножјето на планината Олимп кое нуди прекрасна можност за запознавање со старата архитектура во регионот Македонија, како и на етно селото “Palaios Panteleimonas” со можност за ручек во некоја од бројните таверни, или купување на етно-сувенири од домашно производство на локалните жители. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
12 април (недела) МЕТЕОРИ
Појадок. Можност за факултативно патување до Метеорите. По пристигнувањето во регионот на Каламбака се продолжува со организирана посета на два од манастирите на Метеори (вообичаено „Големиот Метеорон“ и „Света Варвара – Русану“ или „Св. Стефан“), согласно нивното работно време и достапност. За време на посетата ќе имате можност да се запознаете со историјата, духовното значење и архитектонските особености на манастирскиот комплекс, еден од најимпресивните православни центри во Европа. Влезниците се плаќаат на лице место. По завршувањето на манастирските посети програмата продолжува со панорамско разгледување на Метеорите, по што следи слободно време во Каламбака за ручек во локална таверна или индивидуални активности. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
13 април (понеделник) ВЕРГИНА – ПЕЛА – ВОДЕН – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување на целодневен излет низ регионот на Македонија со посета на археолошкиот локалитет Вергина (Кутлеш) – древната престолнина на македонскиот крал Филип Втори, локалитетот Пела (Постол) – престолнината на Античка Македонија од времето на Александар Македонски, градот Едеса (Воден) со неговите познати водопади како и Флорина (Лерин) со можност за куса пауза и попладневен ручек. Патувањето продолжува кон Скопје со пристугнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 145€ (8.990,00 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** во Паралија, на база на 3 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи и посети според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезници при посета на музеите и археолошките локалитети
– Патничко здраствено осигуривање
– Туристичка такса од 5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотелот
– Факултативна посета на Метеорите (20 €)
НАПОМЕНИ:
– Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
– За овој аранжман важат Општите услови за патување









