емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Загреб и Љубљана 29.12
Сигурна реализација
1 Ден 29.12 Петок СКОПЈЕ–ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел “Holiday Inn” во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.
2 Ден 30.12 Сабота ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење.
Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувство на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греaно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.
Ноќевање.
3 Ден 31.12 Недела ЗАГРЕБ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.
4 Ден 01.01 Понеделник ЗАГРЕБ-ЉУБЉАНА–ЗАГРЕБ
Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб и поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.
За уплата до 15.11: 199 евра (12.340 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 евра (14.820 мкд)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
- Сместување во хотел Aristos 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Загреб со локален водич
- Посета на шопинг центар “Arena Centar”
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Посета на Љубљана 45 евра
- Патничко – здравствено осигурување
- Туристичка такса 400 ден. по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)
- Доплата за еднокреветна соба 4.500 мкд
- Доплата за избор на седиште во автобус 620 мкд
- Дете до 3 години гратис (без легло)
- Дете од 3-6,99 години (без легло, спие со родители) 2.100 ден за две ноќевања
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
За овој аранжман важат Општите услови за патување