БУДИМПЕШТА 3 ноќи

Автобус

БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА – СТ.АНДРЕА – ВИШЕГРАД – ЕСТЕРГОМ

 

1 Ден. 29.12 Скопје – Будимпешта (среда)

Состанок на групата во 18:30 часот и поаѓање за Будимпешта во 19:00 часот. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со куси попатни паузи за царински формалности и одмор.

2 Ден. 30.12 Будимпешта (четврток)

Пристигнување во Будимпешта во  претпладневните часови. Разгледyвање на градот со локален водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина, улицата Ваци која завршува со познатата слаткарницата Жербо. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта можност за факултативно крстарење по реката Дунав. Ноќевање. 

3 Ден. 31.12 Будимпешта-Братислава-Будимпешта (петок)

Појадок. По појадокот можност за индивидуални прошетки низ Будимпешта или целодневен факултативен излет до Братислава.Пристигнување во Братислава и разглед на градот со локален туристички водич:  средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт.Слободно време за ужибање во предновогодишната атмосфера. Во попладневните часови заминување за Будимпешта. Пристигнување во хотел. Слободно време за одмор. Дочек на Новата Година на познатата Ваци улица. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 Ден. 01.01 Будимпешта-Ст.Андреа-Вишеград-Естергом (сабота)

Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Ст. Андреа, Вишеград и Естергом- некогашните центри на кралска Унгарија со вклучени влезници и превоз. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот  и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек.  Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Можност за факултативна посета на  национален ресторан Чарда – реприза на Новогодишната ноќ, со унгарски специјалитети и фолклор. Враќање во хотел. Ноќевање.

5  Ден.02.01 Будимпешта-Скопје (недела)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на шопинг ценарот Arena Plaza. Слободно време за шопинг. Поаѓање за Скопје во пладневните часови. Патувањето води преку Србија со застанување за царински формалности.Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за уплати до 17 Декември: 10.990,00 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со висоско туристички автобус на наведената релација
  • Три ноќевања со појадок во Будимпештахотел Polus 3* http://www.hotelpolus.hu/index_elemei/photogallery.html
  • Разглед на Будимпешта со локален водич
  • Придружник – пратител на групата за време на патувањето
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Факултативно крстарење по Дунав 15 евра
  • Факултативна посета на Братислава 20 евра
  • Факултативен целодневен излет со превоз и вклучени влезници на Ст.Андреа, Вишеград и Естергом 20 евра
  • Реприза на Новогодишната ноќ – вечера во Чарда – национален Унгарски ресторан 30 евра
  • Патничко и здравстевно осигурување  

Галерија