ВИЕНА 02.03 

    


    
АВИОН/ 4 дена/ 3 ноќевања

02. Март  (Сабота)                                         СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 08:30 часот. Полетување за Братислава во 10:30 и слетување во 12:05 часот. Разглед на Братислава: Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Организиран трансфер од Братислава до Виена (80 km) и сместување во хотел. Ноќевање.

03. Март  (Недела)                                       ВИЕНА

Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од  Еуген Савојски,  обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта… Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Вечерта, посета на ресторан и можност да се проба “вистинска” виенска шницла. Ноќевање.

04. Март  (Понеделник)                             ВИЕНА

Појадок. Факултативно, пешачка прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург којбил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател… Слободно неделно попладне за виенско кафе и захер торта, уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Ноќевање.

05. Март  (Вторник)                                      ВИЕНА-БРАТИСЛАВА-СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер од Виена до Братислава. Полетување за Скопје во 12:40 и слетување во 14:05 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:459  / 28.460 мкд

-15% попуст за ранa уплатa до 18.01389/ 24.120 мкд

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ü  Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје

ü  Аеродромски такси

ü  Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

ü  Сместување во “Mozart” 3* во Виена на база 3 ноќевања со појадок

ü  Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

ü  Разглед на Виена со локален водич според програмата

ü  Разглед на Братислава според програмата

ü  Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ü   

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø  Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Ø  Пешачка прошетка во Виена со водич 20 евра

Ø  Посета на Шенбрун 50 евра (трансфер, влезница, водич) или 10 евра трансфер до Дворецот Шенбрун

Ø  Туристичка такса 740 мкд   (се плаќа во агенција )

Ø  Вечера во ресторан

Ø  Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Ø  Патничко – здравствено осигурување

Ø  Доплата за еднокреветна соба 4.200 мкд