емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Прага
Прага авионска – Програма на Тура
Ден 1 (07.03.2024 – четврток ) Скопје- Прага
Состанок на аеродромот во Скопје во 10:35.Полетување за Прага во 12:35 ч., со еден стоп во Виена.Слетување во Прага во 16:00 часот. После царинските формалности следува организиран трансфер до хотел. Сместување и слободно време.Во вечерните часови може да се организира првото запознавање со Прага, по предлог на пратителот на групата.
Ден 2 (08.03.2024- петок) Прага
Појадок во хотел.По појадокот следува организиран разглед на градот со локален водич.Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица…Остатокот од денот е слободен за индивидуални активности… Ноќевање.
Ден 3 (09.03.2024 – сабота) Прага – Карлови Вари
Појадок. По појадокот следува посета на Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање назад кон Прага, слободно време. Ноќевање.
Ден 4 (10.03.2024) Прага – Скопје
Појадок во хотел. После појадокот ќе имате слободно време за последното кафе во Прага. Во договорено време следи трансфер до аеродром. Во 16:40 полетување кон Скопје, преку Виена (5 часа преседнување на аеродром).Слетување во Скопје 15 минути по полноќ.
Цена по лице 489 EUR
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
· Лет на релација Скопје – Прага – Скопје;
· Аеродромски такси;
· Мала кабинска торба до 8кг (40x30x20cm);
· Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
· Сместување во хотел 3* на услуга BB – 3 ноќевања;
· Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
· Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
· Туристичка такса 4 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција;
· Разглед на Прага со локален водич – 20 €
· Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 45 €
· Крстарење по Влтава – 20 €
· Свечена вечера – – 50 €
· Патничко осигурување;
· Билети за јавен превоз.
ВАЖНО : Пријавување на факултативи во агенција