Куќа „Нико“ е лоцирана кон крајот, под борова шума, во најубавиот дел на Неа Потидеа, на 50 метри од море, со прекрасно уреден заеднички двор. Студијата и апартманите кои се наоѓаат на приземје, на прв и на втор кат од куќата се максимално конформи, внимателно и темелно градени во традиоционален грчки стил. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената, терасите се свртени кон улица или планина. На приземјето е сместена рецепција каде што се пријавуваат гостите. Во собите има пешкири како дел од опремата.

Цени и услови

За целосни уплати заклучно со 16 јануари, 15% попуст на сите термини а 20% попуст на термините 27.6, 4.7 и 22.8

Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

ТерминНоќевања1 и 2 лице3 и 4 лице
30.5 – 6.67139 x 255 x 2
6.6 – 13.67175 x 255 x 2
13.6 – 20.67219 x 255 x 2
20.6 – 27.67235 x 255 x 2
27.6 – 4.77249 x 255 x 2
4.7 – 11.77259 x 255 x 2

– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –

Цени објавени за наем на студио за 7 ноќевања

ТерминНоќевањаДвокреветно студиоТрикреветен апартман
11.7 – 18.77490595
18.7 – 25.77525630
25.7 – 1.87560665
1.8 – 8.87560665
8.8 – 15.87560665
15.8 – 22.87525630

Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

ТерминНоќевањаПлаќаат 1 и 2 лицеПлаќаат 3 и 4 лице
22.8 – 29.87239 x 255 x 2
29.8 – 5.97219 x 255 x 2
5.9 – 15.910239 x 255 x 2
15.9 – 25.910209 x 255 x 2

– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –

  1. Бр. 3-1 (трикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон улица. Брачен – француски кревет во спална соба и еден единечен во спална соба и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.
  2. Бр. 2 (двокреветно студио) на 2 кат. Поглед кон улица. Брачен – француски кревет во спална соба во иста просторија со кујната.
  3. Бр. 3-2 (трикреветен апартман) на 2 кат. Поглед кон улица. Брачен – француски кревет во спална соба и еден единечен во спална соба и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.
  4. Бр. 5 (петкреветен апартман) на приземје. Поглед кон двор. Брачен – француски кревет и еден единечен во спална соба и два единечни кревета во иста просторија со кујната.

Напомени и услови:

  1. Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  2. Цените во табелите 1 и 3 се (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  3. Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  4. За возрасни 3,100 денари (50 евра)
  5. За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  6. Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  7. Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  8. За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  9. При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  10. Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  11. Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  12. Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот
  13. Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  14. Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  15. За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  16. Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  17. Туристичката такса која од лето 2025 година изнесува 2 еврa на ден се плаќа на самото место
  18. Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  19. Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување

Превоз:

  1. Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  2. Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  3. Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  4. Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
  5. Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.