емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Куќа „Фани“ – Неа Фокеа

Куќа „Фани“ е лоцирана под локалната улица, во мирен дел на почетокот на Фокеа, има прекрасно мало дворче а е оддалечена околу 80 метри од море и плажа до кои може да се симнете по 15-20 скали. Покрај кејот под неа има шеталиште од околу 1км до светилникот. Трикреветните студија и еден аапртман се наоѓаат на високо приземје приземјето, а останатите апартмани на прв кат, сите имаат комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени морето. До куќата има паркинг. Во собите нема пешкири како дел од опремата.
За целосни уплати заклучно со 30 декември, 15% попуст на сите термини а 20% попуст на термините 27.6, 4.7 и 22.8




Цени и услови
Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
| Термин | Ноќевања | Плаќаат 1 и 2 лице | Плаќаат 3 и 4 лице |
| 30.5 – 6.6 | 7 | 139 х 2 | 55 х 2 |
| 6.6 – 13.6 | 7 | 175 х 2 | 55 х 2 |
| 13.6 – 20.6 | 7 | 219 х 2 | 55 х 2 |
| 20.6 – 27.6 | 7 | 235 х 2 | 55 х 2 |
| 27.6 – 4.7 | 7 | 249 х 2 | 55 х 2 |
| 4.7 – 11.7 | 7 | 259 х 2 | 55 х 2 |
– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –
Цената е објавена за наем на апартман за 7 ноќевања
| Термин | Ноќевања | Трикреветен апартман | Четирикреветен апартман |
| 11.7 – 18.7 | 7 | 525 | 595 |
| 18.7 – 25.7 | 7 | 560 | 630 |
| 25.7 – 1.8 | 7 | 595 | 665 |
| 1.8 – 8.8 | 7 | 595 | 665 |
| 8.8 – 15.8 | 7 | 595 | 665 |
| 15.8 – 22.8 | 7 | 525 | 595 |
– Се плаќа целиот апартман без разлика дали во него ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети –
Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
| Термин | Ноќевања | Плаќаат 1 и 2 лице | Плаќаат 3 и 4 лице |
| 22.08 – 29.08 | 7 | 255 х 2 | 55 х 2 |
| 29.08 – 5.9 | 7 | 239 х 2 | 55 х 2 |
| 5.9 – 15.9 | 10 | 239 х 2 | 55 х 2 |
| 15.9 – 25.9 | 10 | 209 х 2 | 55 х 2 |
– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –
Координати: 40.136475, 23.396766

















- Бр. 1 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон море. Брачен – француски кревет во иста просторија со кујната и брачен – француски кревет во спална соба
- Бр. 2 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон море. Поглед кон двор. Брачен – француски кревет и еден единечен во спална соба и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.
- Бр. 3 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон море. Брачен – француски кревет во спална и кревет (софа на пуштање) за две лица во иста просторија со кујната.
- Бр. 4 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед (лимитиран од страна) кон море. Брачен – француски кревет во спална и кревет (софа на пуштање) за две лица во иста просторија со кујната.
- Бр. 6 (трикреветно студио) на високо приземје. Поглед (лимитиран) кон море. Брачен – француски кревет и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.
- Бр. 7 (трикреветно студио) на високо приземје. Поглед (лимитиран) кон море. Три единечни кревети во иста просторија со кујната.
- Бр. 8 (четирикреветен апартман) на високо приземје. Поглед кон двор. Два единечни кревета во иста просторија со кујната и брачен – француски кревет во спална соба.
Напомени и услови:
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
- Цените во табелите 1 и 3 се (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
- Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3,100 денари (50 евра)
- За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
- Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
- При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
- Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.


