Вила “SAVVIDIS” – Паралиа

Вила “SAVVIDIS” е една од ретките луксузни вили во Паралиа, лоцирана на само 20m од прекрасната песочна плажа во центарот на Паралиа и на околу 100м од Црквата. Располага со 1/2 (спална) и 1/2+1 студија (спална и фотеља на спуштање) на I кат. Студиата се луксузно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет (туш кабина, фен), балкон (масичка со столчиња), (клима – вклучена во цената), ТВ – LCD, гардеробер (закачалки и сушара). Вилата располага со ЛИФТ и Wi-Fi интернет бесплатно .

НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
  • Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес /Неготино / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50m од вилата.
  • Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН !!
  • клима  – вклучена во цената !!

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  •  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • Доплата за патничко осигурување – инфо во агенција.