Вила “FIORI” – Паралиjа

 Вила “FIORI” е лоцирана на само 50m од песочната плажа во Паралија и на околу 200m од црквата. Располага со следната структура на студија: 1/2 (еко студио со брачен кревет, терасата е надвор од собата во ходникот), 1/3 (еден брачен и еден единечен) и 1/4 (еден брачен и две единечни легла). Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет (туш кабина, фен), балкон (масичка со столчиња) клима, ТВ, гардеробер. Некои од студијата имаат поглед кон море. Вилата е со одличен квалитет на сместување, максимално чиста, комфортини студиа. Вилата има и ЛИФТ. Wi-Fi интернет – Бесплатен. Ви посакуваме пријатен престој.

 НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  •  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
  • Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
  • Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
  • Доплата за клима – 7€ од ден (на рецепција);
  • Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • Доплата за патничко осигурување.
Галерија

 

Локација

GPS Coordinates:  40.263825, 22.594765