емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Вила “ELSA” – Неи Пори
Вила “ELSA” се наоѓа на одлична лoкација во центарот на Неи Пори на 50m од плажа, позади хотел Олимпик Бич кој е на сама плажа. Вилата е со одличен квалитет на сместување и голем комфорт на студијата, купатилата и балконите. Сите студија се четворокреветни (две дупли легла) и се наоѓаат на приземје, први и втори кат. Секое студио е опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер, тоалет, TV, гардеробер, просторни тераси со тенда за сонце со масичка и столчиња со поглед кон улица (некои студија и со поглед кон море). Wi-Fi интернет – бесплатен, клима со доплата 5€ од ден на лице место. Вилата поседува лифт за гостите. Наспроти вилата има супермаркет. Сите студија се со одличен квалитет и доста просторни. Обезбеден простор за багаж на денот на сместување/заминување на гостите. Гостите со сопствени возила може да се паркираат пред вилата. Ви поасакуваме пријатен престој.
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 09:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
- Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
- Доплата за клима – 7€ од ден (се плаќа на лице место);
- Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување.
Галерија
Локација
GPS Coordinates: 39.975643, 22.655358