емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ПЕЛОПОНЕЗ
АТИНА, КОРИНТ, МИКЕНА, ЕПИДАУРУС, НАФПЛИОН, КАЛАМАТА, АЕРОПОЛИ, ДИРОС, МИСТРА, СПАРТА, ВАСТАС, МЕСИНИА, НАВАРИНО, ЕЛАФОНИСИ, МОНЕМВАСИЈА, ОЛИМПИЈА, ПАТРА
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 10 дена / 8 ноќевања
Термини: 14. и 28. јули и 18. август
1.ден (петок) СКОПЈЕ – ГРЦИЈА
Состанок на групата во 19.30 часот на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во Скопје. Заминување за Грција преку граничниот премин Богородица-Евзони во 20.00 часот. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори.
2.ден (сабота) АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Слободно попладне со можност за индивидуални прошетки и активности. Навечер, факултативна вечера во таверна на Плака со уметничка програма на грчки песни и игри. Ноќевање.
3.ден (недела) АТИНА – АРГОЛИДА – КАЛАМАТА
Појадок. Во утринските часови заминување кон Пелопонез. Попатна посета на Коринт – каналот кој ги спојува Егејско и Јонско море, археолошките локалитети на Арголида: Епидаурус – еден од најголемите и најакустични антички амфитеатри во светот, градчето Нафплион – првата престолнина на современа Грција и Микена – древната престолнина на кралот Агамемнон, од митологијата познат и како освојувачот на Троја. Во попладневните часови патувањето продолжува кон Каламата. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотел. Ноќевање.
4.ден (понеделник) КАЛАМАТА
Појадок. Ден за одмор и запознавање со најјужната туристичка дестинација на грчкото копно. Панорамски разглед на еден од најубавите туристички градови на полуостровот, а воедно јужната порта на Пелопонез. Прошетка низ градот и околните плажи долж бреговите на Каламата. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
5.ден (вторник) КАЛАМАТА – ВАСТАС – МЕСИНИА – НАВАРИНО
Појадок. Слободен ден за одмор, или можност за факултативен – полудневен излет со посети на светото место Вастас во кое се наоѓа мистичната црквичка посветена на Св.Теодора, археолошкиот локалитет Месиниа кој сведочи за една од највлијателните престолнини во времето на античка Грција, како и заливот Наварино – место на одлучувачката морска битка меѓу земјите сојузнички на Грција, Британија, Франција и Русија наспрам отоманската флота, по што Грција се стекнува со почетна независност од Отоманската имеприја. Можност за капење на прекрасните плажи во познатиот залив. Враќање во Каламата во попладневните часови. Ноќевање.
6.ден (среда) КАЛАМАТА – АЕРОПОЛИ – ДИРОС
Појадок. Слободен ден за одмор, или можност за факултативен – полудневен излет низ регионот на Каламата. Посета на местото Аерополи, како и на впечатливата пештера Дирос, низ која разгледот на неколку километри долгите патеки и подземни пештери со сталагнити и сталактити, се одвива со чамци пловејќи низ утробата на земјата. Враќање во Каламата во попладневн ите часови и слободно време за плажа. Ноќевање.
7.ден (четврток) КАЛАМАТА – МИСТРА – СПАРТА
Појадок. Слободен ден за одмор, или можност за факултативен – полудневен излет низ регионот на градот Спарта. Посета на на средновековниот локалитет Мистра – еден од највлијателните градови на медитеранот по падот на Константинопол. Прошетка низ стрмниот терен на локалитетот, со разглед на мноштвото остатоци од стари цркви, манастири и палати подигнати во златното време на Византија. Прошетка низ Спарта со краток разглед на градот. Заминување кон Каламата во попладневните часови и слободно време за плажа. Ноќевање.
8.ден (петок) КАЛАМАТА – ЕЛАФОНИСИ – МОНЕМВАСИА
Појадок. Слободен ден за одмор, или можност за факултативен – целодневен излет до источнмиот дел на Пелопонез. Посета на островот Елафониси и неговите егзотични плажи на Средоземното море, како и местото Монемвасија кое е еден од највпечатливите средновековни градови, изграден на непристапниот терен од истоимената природна карпа високо издигната во морето. Фантастичната панорама која ја истакнува карпата над синиот хоризонт од Егејското море, дополнително ќе ве плени при прошетката низ нејзините тесни улички издлабени низ јужната страна кон морето. Враќање во Каламата во вечерните часови. Ноќевање.
9.ден (сабота) КАЛАМАТА – ОЛИМПИЈА – ПАТРА
Појадок. Заминување од Каламата во утринските часови. Попатна посета на древната Олимпија и разглед на еден од најпознатите антички локалитети на Пелопонез – местото на првите Олимписки игри во античка Грција. Патувањето продолжува кон Патра. По пристигнувањето, панорамски разглед на градот кој се карактеризира со својата медитеранска архитектура. Посета на централниот храм – црквата на светиот апостол Андреј, во која се наоѓаат дел од неговите мошти и крстот на кој бил распнат и погубен. Сместување во хотелот и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
10.ден (недела) ПАТРА – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од Патра кон Скопје. Дневно возење кон Македонија преку јонската магистрала и автопатот Игнатиа. Попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 399 € (24.740,00 мкд)









Попусти и доплати:
– За дете до 12 год. во соба со двајца возрасни = 50%, за трет возрасен = 10%,
– Доплата за еднокреветна соба = 120 €
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотели на база 8 ноќевања со појадок (1 во Атина, 6 во Каламата, 1 во Патра)
– Туристички придружник за време на патувањето
– Попатни посети на дел од местата и културно историските споменици според програмата
– Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативните излети и посети опишани во програмата:
* Вечера во таверна на Плака во Атина = 30 €
* Посета на Вастас, Месина и Наварино = 20 €
* Посета на Аерополи и Дирос = 20 €
* Посета на Мистра и Спарта = 20 €
* Посета на Елафониси и Монемвасиа = 35 €
>>> При уплата на сите факултативи пред патување (попуст -25 €) или вкупно = 100 €
– Влезници при посета на културно историските споменици, музеи и археолошки локалитети
– Индивидуално патничко осигурување (информации при уплата во агенцијата)