емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ВИЛА KIERION – СКАЛА ПОТАМИА (ТАСОС)
SKALA POTAMIA – GOLDEN BEACH
МОРЕ – ПЛАНИНА – БОРОВА ШУМА
ВИЛА “КИЕРИОН СТУДИО“ 100 МЕТРИ ОД ПЛАЖА
Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг.На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на островот Тасос.Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето.Изобилува со борова шума и мирис на медовина,природни сенки и планински возвишенија.Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден бич.Во должина од 3км.се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа , означени со плаво знаменце за чистота и квалитет.Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај , плажата асоцира на злато.
Вила “КЕРИОН“ лоцирана во Скала Потамиа на оддалеченост околу 100 метри од плажата Голден бич.Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот.На само неколку метри од вилата има супермаркети,ресторани,таверни….
Вилата располага со трикреветни студија убаво опремени и чисти ……
ЦЕНОВНИК
КОРИСТЕЊЕ НА ПАРКИНГ, WI – FI ( БЕСПЛАТНО)
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
Доплата за користење на клима уред 7 € од ноќ од соба
ЗА РАНО РЕЗЕРВИРАЊЕ(EB) СЕ УПЛАТУВА АВАНС 50% ОД ВРЕДНОСТА НА АРАНЖМАНОТ ДОДЕКА ТРАЕ АКЦИЈАТА.ОСТАТОКОТ ОД 50% 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ НА РЕЛАЦИЈА:
60 € за возрасни – повратна карта
45€ за деца до 12 години – повратна карта;
45 € за возрасни или деца – карта во еден правец
*Поаѓање од Штип пред Нова пошта во 01:00 часот;
*Поаѓање од Скопје на паркингот спортска сала Борис Трајковски во 01:00 часот
ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА :
20€ за возрасни – повратна карта;
15 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта
Галерија
Локација
GPS координати:
40.708525, 24.757039
40°42’30.7″N 24°45’25.3″E
НАПОМЕНИ
- ПАТНИЦИТЕ ТРЕБА МИНИМУМ 48 ЧАСА ДА СЕ ИНФОРМИРААТ ЗА ЧАСОТ И МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ;
- ПРЕВОЗОТ ЗАСТАНУВА ДО НАЈБЛИСКАТА ЛОКАЦИЈА ОД СМЕСТУВАЧКИОТ КАПАЦИТЕТ КАДЕ Е ВОЗМОЖНО ДА ЗАСТАНЕ;
- ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА, А УПЛАТАТА Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ (1€=62 ден.);
- ЗА УПЛАТИ НА ДВА АРАНЖМАНИ 7+7 НОЌЕВАЊА ОДОБРУВАМЕ 10% ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА;
- КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;
- ЗА ВАЖЕЧКА РЕЗЕРВАЦИЈА СЕ СМЕТА САМО СО УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕЛОСНАТА ВРЕДНОСТ НА АРАНЖМАНОТ;
- ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ДВАЕСЕТ И ЕДЕН ДЕН (21) ПРЕД ПОАЃАЊЕ;
- ВО СЛУЧАЈ НА ВЕЌЕ УПЛАТЕНИ АРАНЖМАНИ СО ПОПУСТИ И РАНИ ЗАПИШУВАЊА,СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ;
- ДОКОЛКУ ПАТНИКОТ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПАТУВАЊЕТО, ИСКЛУЧОК СЕ ПРАВИ(ПОВРАТОК НА СРЕДСТВА) САМО ДОКОЛКУ ПАТНИКОТ САМ СИ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ВЕКЕ РЕЗЕРВИРАНАТА СОБА ;
- ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА ЦЕНИТЕ(ЗГОЛЕМУВАЊЕ ИЛИ НАМАЛУВАЊЕ) СО ОБЈАВУВАЊЕ НА НОВ ЦЕНОВНИК НЕМА ДА СЕ МЕНУВА ЦЕНАТА НА ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНИТЕ УСЛУГИ;
- ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ;
- МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИК – ОТКАЗ НА АРАНЖМАН ВО ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА;
- ВО СЛУЧАЈ НА НАПРАВЕНА ПОГОЛЕМА ШТЕТА ВО СТУДИЈАТА , СОПСТВЕНИКОТ НА ВИЛАТА МОЖЕ ДА НАПЛАТИ НА ЛИЦЕ МЕСТО ЗА НАПРАВЕНАТА ШТЕТА ИЛИ ПО ВРАЌАЊЕТО АГЕНЦИЈАТА ЌЕ ПОБАРА НАПЛАТА ОД ПАТНИКОТ ЗА ШТЕТА;
- АГЕНЦИЈАТА НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КВАЛИТЕТОТ И БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈАТА;
- ТУРИСТИЧКА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА 1,5 € ОД НОЌ ЗА СТУДИЈАТА, (доколку дојде до промена на цената за туристичката такса од страна на грчките власти,цената ќе биде променета)
АПАРТМАНИТЕ:
- ИМААТ КРПИ ЗА ЛИЦЕ;
- ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН;
- ЧИСТЕЊЕ 2 ПАТИ ЗА ПРЕСТОЈ ОД 7 ДЕНА;